Close Menu
Press24
    Најново

    Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали

    10.06.2026 во 19:16

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата
    • Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
    • Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Горан Стоименов од АПИС: Турскиот мега скандал со нелегално обложување –порака и за македонските политичари

    Горан Стоименов од АПИС: Турскиот мега скандал со нелегално обложување –порака и за македонските политичари

    15.11.2025 во 10:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во октомври, додека во Македонија траеше кампањата за локалните избори, турските медиуми ја разоткрија една од најголемите афери со нелегално обложување во спортот.

    Според информациите, 371 од вкупно 571 фудбалски судии во Турција имале отворени налози за обложување, а 149 од нив биле суспендирани од Турската фудбалска федерација. Истовремено, Централната банка на Турција ѝ ја одзела лиценцата за работа на популарната платформа за парични трансакции „Папара“, поради сомневања за перење пари и нелегални трансакции поврзани со онлајн игри на среќа.

    Според турските медиуми, дел од финансиските траги воделе и кон Македонија – преку трансфери правени од турски студенти. Турција има една од најстрогите забрани за игри на среќа во Европа, а ваквиот скандал, како што пишува во колумна претставникот на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, Горан Стоименов, претставува „невиден преседан кој ги нагризува етичките вредности и религиозни принципи што Анкара сака да ги прикаже пред светот“.

    „Не е случајно што Судот во Истанбул побарал притвор за 21 лице – меѓу кои и 17 судии и еден претседател на прволигашки клуб. Претседателот на Турската фудбалска федерација го нарече овој скандал ‘морална криза’“, пишува Стоименов.

    Според Стоименов, турскиот пример е јасна порака за македонските политичари – дека целосната забрана на игрите на среќа секогаш создава услови за појава на нелегални алтернативи.

    „Целосната забрана секогаш, без исклучок, создава предуслови за барање алтернативни, па дури и незаконски начини за играње,“ предупредува Стоименов, додавајќи дека тоа најчесто води до „диви играчници по подруми, врз кои ниту една држава, без разлика колку е силна, не може да има контрола“, смета Стоименов.

    Тој потсетува и на примерите од регионот. Во Албанија, по четиригодишна забрана, владата повторно дозволи легални игри на среќа, со образложение дека забраната довела до процут на црниот пазар.

    Во Грција, пак, властите дозволија 36 илјади апарати за игри на среќа, откако забележале дека илјадници Грци секојдневно патуваат во Гевгелија за да играат. Во колумната, Стоименов нагласува дека најголем дел од денешните скандали се поврзани со онлајн игрите на среќа, кои преку интернет и мобилни телефони се достапни за сите, во секое време. Затоа, авторот предупредува дека иницијативите за ограничување на физичките објекти за игри на среќа не даваат резултат.

    „Предлозите за воведување дистанца за објектите за игри на среќа не се решение, туку гол популизам. Тоа не ја прави младината повеќе заштитена, туку само им дава политички поени на одредени партиски центри,“ пишува Стоименов.

    Тој додава дека вистинскиот начин за регулирање на индустријата е инклузивен пристап, во кој ќе учествуваат асоцијациите на приредувачи и самите вработени, бидејќи „нивната експертиза и практично искуство се од непроценлива важност“.

    Стоименов потсетува дека и за време на последната изборна кампања, некои кандидати се обидоа да соберат поени со ветувања за забрани на рекламирање на легални игри на среќа.

    „Во интерес на јавноста треба да се каже дека легалните игри на среќа во Македонија обезбедуваат најмалку 280 милиони евра годишни приходи во државниот буџет,“ наведува Стоименов.

    Тој потсетува и дека индустријата вработува над 10 илјади луѓе, а компаниите редовно инвестираат во општествено одговорни проекти – од донации до поддршка на младите.

    „Немаме дилема дека младината мора да биде заштитена од било какво влијание, но исто така е крајно време некои политичари да станат свесни за сопствената одговорност и за вокабуларот кој го користат во политичката дебата,“ завршува Стоименов.

    Прочитај повеќе

    Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали

    10.06.2026 во 19:16

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.