Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Волк шетал низ Скопје со ремче и ланец: Несовесен граѓанин го чувал како милениче, градоначалникот Ѓорѓиевски со остра реакција

    (ФОТО) Волк шетал низ Скопје со ремче и ланец: Несовесен граѓанин го чувал како милениче, градоначалникот Ѓорѓиевски со остра реакција

    13.05.2026 во 09:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во една скопска населба синоќа бил заловен волк, кој според првичните информации, бил незаконски чуван како домашно милениче. Животното било затекнато со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните служби.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати остра осуда за овој настан, нагласувајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста на сите граѓани.

    „Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции.

    Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина.

    Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот!

    Во Скопје мора да има ред!

    Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.