Close Menu
Press24
    Најново

    Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари

    31.10.2026 во 12:37

    Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    31.10.2026 во 12:19

    Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг

    31.10.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
    • Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
    • Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Падна сопственичка на салон за убавина: Разоткриена шема со нелегални филери и средства за слабеење

    (ФОТО) Падна сопственичка на салон за убавина: Разоткриена шема со нелегални филери и средства за слабеење

    06.05.2026 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.

    „Криминалната шема е разоткриена на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

    Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување.

    За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

    Против осомничените, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“, соопшти Царинската Управа.

    Прочитај повеќе

    Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи

    31.10.2026 во 12:19

    Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг

    31.10.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.