Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) 3.500 тони ѓубре собрано за една недела во Скопје, најголема дива депонија расчистена во Центар

    24.11.2026 во 09:48

    Гаши во официјална посета на Хрватска, ќе се сретне со највисоките државни претставници

    24.11.2026 во 09:45

    Продолжува судењето за „Пулс“: Денеска ќе сведочат вработена во дискотеката и пиротехничар

    24.11.2026 во 09:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) 3.500 тони ѓубре собрано за една недела во Скопје, најголема дива депонија расчистена во Центар
    • Гаши во официјална посета на Хрватска, ќе се сретне со највисоките државни претставници
    • Продолжува судењето за „Пулс“: Денеска ќе сведочат вработена во дискотеката и пиротехничар
    • СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена
    • Пукање во училиште во соседството: Маж влегол во просториите и пукал во персоналот
    • Денеска ќе нема струја до 15 часот – најавени неколку исклучувања
    • Нови цени на бензинските пумпи: Еве колку чинат дизелот и бензините од денеска
    • „Добар сум, ништо не ми е, возилото заглави во калта“ – Шилегов ги демантира шпекулациите за наводна сообраќајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) 3.500 тони ѓубре собрано за една недела во Скопје, најголема дива депонија расчистена во Центар

    (ФОТО) 3.500 тони ѓубре собрано за една недела во Скопје, најголема дива депонија расчистена во Центар

    24.11.2026 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје транспортирале 3.500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територија на град Скопје.

    Во истиот период се отстранети 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 190 кубни метри отпад од диви депонии.

    Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготвила 20 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем дел од нив (14) биле врачени на територија на скопската општина Чаир.

    – ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев” и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија. Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваа и во акција за чистење на подвозникот на булеварот Гоце Делчев под стоковната куќа „Мост“, координирана од Градот Скопје – соопшти Комунална хигиена. 

    Прочитај повеќе

    Денеска ќе нема струја до 15 часот – најавени неколку исклучувања

    24.11.2026 во 09:27

    Утре без струја делови од две скопски општини: Проверете кои улици ќе бидат опфатени

    23.11.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.