Вчера во 16:00 часот во атар на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишија од слобода Е.Б.(46) од село Горно Оризари, велешко и С.С.(29) од село Клуковец, велешко.
Имено, при преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети.
Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор
- Манасиевски: Филипче призна дека позициите на СДС се исти со тие на Бугарија
- Не било волк туку куче: Сопственикот си го бара назад, посочуваат од АХВ
- Николовски за сослушувањето во Единицата за економски криминал: Ова е монтиран случај
- (ВИДЕО) Милошоски: Ислам Абази го затвори случајот „Мазут“ за да ги спаси СДС и ДУИ, потребна е итна оставка
- Претрес во Тетово: Полицијата приведе 61-годишник, пронајдена прашкаста материја
- Ученици од Драчево во посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
- УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе паднат до 4 степени, за викендот невреме
