Вчера во 16:00 часот во атар на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишија од слобода Е.Б.(46) од село Горно Оризари, велешко и С.С.(29) од село Клуковец, велешко.
Имено, при преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети.
Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
- Малолетно момче преживеало хорор во Центар
- ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
- Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
- Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања
- УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
- Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата
- Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци
