Ејуп Рустеми од „Пошта“ ќе биде директор на Државни патишта

Досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти  премиерот Зоран Заев.

– На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции. Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска. Дел ќе бидат донесени одлуки за распишување на конкурс бидејќи има институции кои своите раководни места ги бираат на конкурс. Има и дел од одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководни места, изајви Заев.

Рустеми е кадар на ДУИ, а покрај директор на „Пошта“, во два мандати (во 2002 и во 2014) беше избран и за пратеник во Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега