Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двоен обид за измама во кумановско: Баби и мајки цел на лажни „сообраќајки“ во Прешево и Германија

    Двоен обид за измама во кумановско: Баби и мајки цел на лажни „сообраќајки“ во Прешево и Германија

    10.10.2025 во 13:491 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште еден  обид за измама на повозрасна жена од кумановско за наводна сообраќајна несреќа во која има повреден член на семејството. Вчера во 15:50 часот во СВР Куманово, 57-годишен маж пријавил дека едно лице се обидело да ја измами неговата мајка од општина Старо Нагоричане.

    – Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство предизвикал сообраќајна незгода во Прешево и ќе биде потребна одредена сума на пари за да плати адвокат, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и прекинала, соопшти СВР Куманово.

    Триесет и пет годишна жена од Куманово вчера во полицијата пријавила дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село. Измамникот се обидел да ја изманипулира жената, јавувајќи и се на телефон дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по случена сообраќајна несреќа во Германија, но откако таа се посомневала, лицето ја прекинало врската.

    Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните лица кога им се јавуваат непознати лица и да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.

    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.