Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле
    • Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двајца Срби осудени за криумчарење 2.300 штеки цигари – 8.000 казна и протерување од земјата пет години

    Двајца Срби осудени за криумчарење 2.300 штеки цигари – 8.000 казна и протерување од земјата пет години

    10.10.2025 во 12:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1.

    Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

    Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.

    Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

    Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.

    Прочитај повеќе

    Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле

    08.10.2026 во 09:47

    Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор

    08.10.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.