Драма кај поликлиника Бит Пазар: Четири лица ограбени под закана со пиштол

Четири лица биле ограбени во Чаир под закана со пиштол.

-На 15.09.2020 во 00:49 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека, додека со патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, бил на паркинг просторот позади поликлиника Бит Пазар, заедно со Р.К.(19), С.А.(31) и Р.В.(28), сите од Скопје, неколку лица со закана со пиштол им одзеле пари и лични документи.

Притоа, според пријавеното, лицата испукале два куршума во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега