Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Доживотен затвор или поблага казна? – Денеска пресуда за серискиот убиец од Старо Негоричане
    • Олеснување за граѓаните: Личната карта и возачката ќе ги имате на телефон – Андоновски го откри датумот
    • Нови закани во Белград: Утрински пријави за бомби во училиштата
    • Одлични вести: Цената на нафтата паѓа
    • Македонската енергетика пред идните дипломати во Виена – Божиновска ги презентираше стратешките планови
    • „Има многу чад“ – Избувна пожар во Клиничкиот центар во Подгорица
    • Украински новинар приведен во Виена
    • Важна вест: Проработе еден од скенерите на Радиологија – Ќе се работи во две смени и за викенд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доживотен затвор или поблага казна? – Денеска пресуда за серискиот убиец од Старо Негоричане

    Доживотен затвор или поблага казна? – Денеска пресуда за серискиот убиец од Старо Негоричане

    09.10.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Куманово денеска треба да ја соопшти пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Обвинителството бара најстрога казна – доживотен затвор, додека одбраната бара судот да ги земе предвид олеснителните околности.

    Завршните зборови на страните во постапката беа изнесени на рочиштето одржано на 6 октомври, по што судот го најави денешниот ден, 9 октомври, за објавување на одлуката.

    Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара обвинетиот да биде прогласен за виновен за смртта на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска.

    Во образложението на обвинителството беше посочено дека убиствата имале сличен начин на извршување, а како значајни докази беа издвоени и ДНК-трагите пронајдени кај дел од жртвите и кај една од жените што преживеале.

    Обвинителот се повика и на психијатриското вештачење, според кое постои висок ризик обвинетиот повторно да изврши кривични дела, како и сериозни пречки за неговата ресоцијализација. Овие наоди, според обвинителството, ја оправдуваат потребата од доживотна казна затвор.

    Одбраната, застапувана од адвокатот Тони Цветковски, кој на Бојковски му е доделен по службена должност, побара при одмерувањето на казната судот да ги разгледа и олеснителните околности.

    Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради тежината на обвиненијата, а денешната одлука на Основниот суд во Куманово се очекува да го означи завршетокот на првостепената постапка.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Олеснување за граѓаните: Личната карта и возачката ќе ги имате на телефон – Андоновски го откри датумот

    09.10.2026 во 10:16

    Македонската енергетика пред идните дипломати во Виена – Божиновска ги презентираше стратешките планови

    09.10.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.