Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Олеснување за граѓаните: Личната карта и возачката ќе ги имате на телефон – Андоновски го откри датумот

    Олеснување за граѓаните: Личната карта и возачката ќе ги имате на телефон – Андоновски го откри датумот

    09.10.2026 во 10:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека на 28 октомври во Македонската филхармонија официјално ќе биде промовирана мобилната апликација м.Услуги, преку која граѓаните ќе можат да пристапуваат до електронски документи и услуги директно од своите мобилни телефони.

    Во гостувањето во Дневникот на МРТ1, Андоновски посочи дека апликацијата е во завршна фаза на тестирање, а на промоцијата ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе ги претстави пошироките насоки за дигитализација на државата.

    „Промоцијата официјално можам да ја најавам на 28 октомври во Македонската филхармонија. Ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги, јас ќе ги презентирам изгледот и функционалностите, а претседателот на Владата ќе говори пошироко за тоа каде се движиме во поглед на дигитализацијата“, изјави Андоновски за МРТ.

    Апликацијата ќе биде достапна бесплатно преку продавниците Google Play и App Store. За да ја користат, граѓаните ќе треба да се најават преку својот профил на Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk.

    На почетокот, м.Услуги ќе овозможи пристап до електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и до три услуги за граѓаните. Министерот нагласи дека користењето ќе биде доброволно и дека безбедноста на личните податоци е еден од приоритетите.

    „Ова ќе биде наш прв чекор кон дигиталниот паричник. Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилниот телефон, односно на дланка“, порача Андоновски во гостувањето на МРТ1.

    Во следните фази се планира проширување на функционалностите. Според министерот, веќе се разговара со Министерството за здравство за вклучување податоци од м.Здравје, како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади за можноста за интегрирање на европската младинска картичка.

    Андоновски појасни дека прифаќањето на електронските документи од страна на институциите ќе се воведува постепено, со потребни законски и административни приспособувања.

    „Кај нас нема задолжителна употреба, но во исто време ќе правиме напори институциите да започнат да ги прифаќаат електронските документи. Тоа ќе биде процес, бидејќи ќе треба да се менуваат и подзаконски акти. Чекор по чекор, како што ќе ги градиме капацитетите, така ќе се проширува и нивното прифаќање“, рече министерот.

    Тој додаде дека досегашните реакции за проектот се позитивни и дека Министерството ќе продолжи да работи на дигитални решенија со кои административните услуги ќе бидат подостапни за граѓаните.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.