Раководителот на одделот за истражувачко новинарство на весникот „Украинска правда“, Михаило Ткач, беше приведен во Виена додека извршуваше новинарска задача во врска со потрагата по поранешниот украински генерален обвинител Руслан Кравченко, објави денес редакцијата на веснимот.
Во соопштението се нагласува дека притворањето било незаконско, а редакцијата побара итно ослободување на Ткач и официјално објаснување од австриските власти. Ткач бил во Австрија со колегата Јарослав Бондаренко, чија точно локација засега е непозната, поради што се бараат итни информации за неговата безбедност.
Според досегашните информации, Ткач е во притвор и комуницира со својот адвокат. Редакцијата ја известила и амбасадата на Украина во Австрија, барајќи институционална заштита.
Главната уредничка Севгил Мусаева ги повика меѓународните новинарски организации да пружат поддршка:
,,Михаило и Јарослав отидоа во Виена за да си ја завршат работата. Како главен уредник, инсистирам дека безбедноста на новинарите и правото на професионална работа мора да бидат гарантирани“, порача Мусаева.

