Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Старо Нагоричане со нови патишта, инвестиции и без долгови
    • Усвоена резолуција за Македонците во Албанија: Се бара Пустец да го задржи статусот на општина
    • Хорор го потресе регионот: Сопственик на продавница осомничен за сексуално вознемирување на малолетни девојчиња
    • ЦУК информира каде е најкритично со пожарите: Гори шума во три општини
    • УЈП продава станови, деловни простори и автомобили на е-аукција – Погледнете што е на продажба
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Нека одговори за хеликоптерите, златната виза и бизнисите во Дојран
    • Дневен хороскоп: Овенот со фокус на работните задачи, Близнаците со одлична комуникација, Лавот презема иницијатива
    • Скопје чекори кон почист град: Стигнуваат нови возила и илјадници контејнери (ВИДЕО)
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Старо Нагоричане со нови патишта, инвестиции и без долгови

    ВМРО-ДПМНЕ: Старо Нагоричане со нови патишта, инвестиции и без долгови

    09.10.2026 во 09:332 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Старо Нагоричане бележи конкретни резултати во инфраструктурата, комуналните услуги и поддршката за граѓаните, а посебен акцент се става на финансиската стабилност и реализацијата на локалните проекти, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата посочуваат дека за помалку од една година се реконструирани повеќе локални патишта во Стрновац и Младо Нагоричане, додека се обезбедени средства и склучени договори за нови реконструкции во Старо Нагоричане и Добрача. Дополнително, со општински средства се врши тампонирање и санација на локалната патна мрежа.

    Меѓу реализираните проекти е реконструкцијата на патот во Младо Нагоричане, од месноста Ветеринарна станица до основното училиште „Христијан Карпош“, во должина од 627 метри. Вредноста на инвестицијата изнесува 9.291.471 денар.

    Завршена е и реконструкцијата на патот во маалото Пиленац, во должина од околу 564 метри, за што се инвестирани 3.958.534 денари. Средствата се обезбедени преку првиот повик од унгарскиот кредит.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, вложувања се реализираат и во уличното осветлување, водоснабдувањето, противпожарната заштита и опремувањето на Јавното комунално претпријатие „Козјак“. Од партијата нагласуваат дека се обезбедени средства за подобрување на комуналните услуги и дека општината редовно ги исполнува финансиските обврски.

    Во фокусот се и младите и семејствата. Општината обезбедува финансиска поддршка за новороденчиња, првачиња и студенти, бесплатна екскурзија за учениците од деветто одделение, како и инвестиции во образовните установи.

    Како еден од најзначајните резултати, од ВМРО-ДПМНЕ ја издвојуваат финансиската состојба на општината, тврдејќи дека таа нема доспеани неплатени обврски и нема долгови.

    Од партијата порачуваат дека активностите продолжуваат со цел подобрување на инфраструктурата, комуналните услуги и условите за живот на жителите на Старо Нагоричане.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Усвоена резолуција за Македонците во Албанија: Се бара Пустец да го задржи статусот на општина

    09.10.2026 во 09:32

    ЦУК информира каде е најкритично со пожарите: Гори шума во три општини

    09.10.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.