Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се придружи на низата јавни личности кои емотивно се простија од Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК, кој почина по долго боледување од повредите здобиени во пожарот во „Пулс“.
Антиќ, кој беше близок пријател со Панчо, преку социјалните мрежи сподели порака со која ја изрази својата длабока тага. Со многу емоции, Антиќ напиша:
„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш.“