Close Menu
Press24
    Најново

    Директор, референти и двајца превозници осомничени за незаконска сеча и транспорт на дрва

    23.11.2026 во 16:06

    Апсења во Скопје

    23.11.2026 во 15:53

    Нова опрема за кугларската сала во Битола: Ќе се овозможи одржување меѓународни натпревари

    23.11.2026 во 15:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Директор, референти и двајца превозници осомничени за незаконска сеча и транспорт на дрва
    • Апсења во Скопје
    • Нова опрема за кугларската сала во Битола: Ќе се овозможи одржување меѓународни натпревари
    • Засилени инспекциски контроли во Бутел: Се проверуваат објекти, тераси и градежни дозволи
    • Утре седум часа ќе нема струја – Проверете каде се најавени исклучувања
    • Нови детали за нападот во „Јане Сандански“: Синот приведен, таткото сè уште е недостапен за полицијата
    • Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата на нозе
    • Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директор, референти и двајца превозници осомничени за незаконска сеча и транспорт на дрва

    Директор, референти и двајца превозници осомничени за незаконска сеча и транспорт на дрва

    23.11.2026 во 16:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава против директорот на Шумското стопанство „Стогово“ во Дебар и уште пет лица поднесе дебарската полиција поради низа злоупотреби при сеча и транспорт на огревни дрва.

    Одделението за внатрешни работи Дебар ги сомничи М.П. (57) од Вевчани, директор во подружницата на ЈП „Национални шуми“, О.Ј. (64) и М.Л. (59) од селото Џепиште, вработени како референти за испорака, и архиварката В.И. (47) од Дебар за кривичните дела „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“. Со истата пријава се опфатени и Б.Л. (35) и А.Л. (26) од Џепиште, кои се товарат за „помагање“.

    Според полициските наоди, шемата започнала кога архиварката В.И. во службената книга евидентирала лажни податоци за наводни подносители на барања за дозвола за сеча на дрва.

    Потоа, првопријавениот директор М.П. не извршил должен надзор врз овие фиктивни барања, туку одобрил дозвола за сеча и не направил увид во транспортните испратници.

    Во продолжение на незаконските дејствија, референтите О.Ј. и М.Л. свесно и со умисла изготвувале испратници за огревни дрва со невистинита содржина, по што ги заверувале со свои потписи.

    Улогата на петто и шестопријавениот била да им асистираат на вработените во претпријатието. Тие со сопствени товарни возила ја превезувале дрвната маса и помагале во прикривањето на кривичните дела.

    Прочитај повеќе

    Апсења во Скопје

    23.11.2026 во 15:53

    Нови детали за нападот во „Јане Сандански“: Синот приведен, таткото сè уште е недостапен за полицијата

    23.11.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.