Close Menu
Press24
    Најново

    Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати

    23.11.2026 во 14:56

    За една година парното во Скопје поскапо за 20%

    23.11.2026 во 14:45

    Мицкоски најави ново решение за студентите: Oброкот ќе се зголеми и привилегии какви што нема во Европа

    23.11.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати
    • За една година парното во Скопје поскапо за 20%
    • Мицкоски најави ново решение за студентите: Oброкот ќе се зголеми и привилегии какви што нема во Европа
    • Филипче: Фон дер Лајен кажа дека нè чекаат во ЕУ со нашиот јазик и идентитет, паѓа во вода приказната за предавство
    • Ги тепале сопругите: Три случаи на семејно насилство во Битола и Гостивар
    • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
    • Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта
    • Тошковски: Настанот кај Смилковци го класифцираме како убиство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати

    Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати

    23.11.2026 во 14:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања во Собранието, посветена на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2026 година.

    Сали истакна дека Извештајот е основа за отворена и одговорна расправа, нагласувајќи дека европската интеграција бара институционален континуитет, парламентарен надзор и вклученост на целото општество.

    Тој посочи дека Комисијата го препознава активниот ангажман на земјата во Планот за раст за Западен Балкан и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Истовремено, Извештајот бара дополнителни резултати во владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, јавната администрација и спроведувањето на законите.

    Осврнувајќи се на различните анализи на Извештајот, министерот нагласи дека институциите и истражувачките организации можат да користат различни методологии, но расправата не треба да се сведе на изолирани статистики или спротивставени оценки. Во фокусот треба да бидат конкретните наоди, препораките и одговорноста за нивното спроведување.

    Сали се осврна и на констатацијата на Комисијата дека нема напредок во однос на уставните измени наведени во заклучоците на Советот од 2022 година, истакнувајќи ја важноста на сериозниот дијалог, демократските процедури и почитувањето на легитимните грижи на граѓаните.

    Министерот нагласи дека Реформската агенда и Планот за раст треба да ги поврзат реформите со опипливи придобивки преку постепена интеграција во единствениот европски пазар, поефикасни јавни услуги и нови можности за компаниите. Министерството за европски прашања ќе продолжи со координација на надлежните институции, навремено препознавање на доцнењата и следење на мерливите резултати.

    На крајот, Сали повика на конструктивна парламентарна соработка надвор од партиските линии, со цел препораките на Европската комисија да се преточат во јасни одговорности, реални рокови и конкретни резултати за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Фон дер Лајен кажа дека нè чекаат во ЕУ со нашиот јазик и идентитет, паѓа во вода приказната за предавство

    23.11.2026 во 14:07

    ДУИ: Ниту еден албански ученик не добил стипендија во категоријата талентирани

    23.11.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.