Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали за нападот во „Јане Сандански“: Синот приведен, таткото сè уште е недостапен за полицијата

    23.11.2026 во 15:09

    Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата на нозе

    23.11.2026 во 15:05

    Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати

    23.11.2026 во 14:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за нападот во „Јане Сандански“: Синот приведен, таткото сè уште е недостапен за полицијата
    • Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата на нозе
    • Сали: Препораките на ЕК да се преточат во конкретни резултати
    • За една година парното во Скопје поскапо за 20%
    • Мицкоски најави ново решение за студентите: Oброкот ќе се зголеми и привилегии какви што нема во Европа
    • Филипче: Фон дер Лајен кажа дека нè чекаат во ЕУ со нашиот јазик и идентитет, паѓа во вода приказната за предавство
    • Ги тепале сопругите: Три случаи на семејно насилство во Битола и Гостивар
    • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови детали за нападот во „Јане Сандански“: Синот приведен, таткото сè уште е недостапен за полицијата

    Нови детали за нападот во „Јане Сандански“: Синот приведен, таткото сè уште е недостапен за полицијата

    23.11.2026 во 15:092 Mins Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата го приведе едниот од двајцата осомничени за физичкиот напад врз медицински персонал пред поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Станува збор за 41-годишниот скопјанец Ј. К., кого полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода на 21 ноември во 19:15 часот.

    Како што информираат од МВР, претходно истиот ден околу 17:30 часот, по меѓусебно недоразбирање, тој заедно со неговиот 62-годишен татко С. К. физички нападнале лекар и медицинска сестра.

    Според неофицијалните сознанија за инцидентот, двајцата осомничени донеле повозрасен пациент заболен од карцином, за кој постојат наводи дека испил антифриз во обид за самоубиство.

    Тие барале пациентот веднаш да биде пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но откако лекарот и медицинската сестра процениле дека тој може да се превезе со патничко возило, избувнала расправија. Веднаш потоа, двајцата физички се пресметале со медицинските лица и им нанеле телесни повреди, по што нападнатите завршиле на болничко лекување.

    За настанот реагираше Лекарската комора, остро осудувајќи го инцидентот со став дека насилството врз здравствените работници при извршување на нивните работни обврски е неприфатливо. Од Комората потсетуваат дека ваквиот напад претставува кривично дело за кое законот предвидува казна затвор до пет години.

    Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосното расчистување и документирање на настанот, против инволвираните ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Прочитај повеќе

    Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата на нозе

    23.11.2026 во 15:05

    Ги тепале сопругите: Три случаи на семејно насилство во Битола и Гостивар

    23.11.2026 во 13:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.