Полицијата трага по две малолетни сестри од Штип, на возраст од 12 и 14 години, чие исчезнување го пријавил нивниот татко.
Според информациите од МВР, на 22 ноември, во 17 часот, во СВР Штип било пријавено дека двете девојчиња се оддалечиле од семејниот дом.
Надлежните преземаат мерки и активности за нивно пронаоѓање.

