Шест лица се лишени од слобода во Скопје откако полицијата кај нив пронашла и одзела повеќе видови наркотични средства, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Акцијата ја спровеле полициски службеници од СВР Скопје во текот на 22 и 23 ноември на различни локации низ главниот град.
Приведени се петмина скопјани — Х.Л. (25), С.И. (41), Е.Б. (32), Д.М. (29) и Б.А. (41), како и 50-годишниот Н.Ј. од Гостивар.
При извршените прегледи, кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, марихуана, како и растение во вид на печурка.
Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случаите, против сите инволвирани ќе следуваат соодветни поднесоци.

