Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка

    11.11.2026 во 16:19

    Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка

    11.11.2026 во 16:05

    Вучиќ: Целосно ќе ги игнорирам претседателските избори

    11.11.2026 во 15:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка
    • Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка
    • Вучиќ: Целосно ќе ги игнорирам претседателските избори
    • Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора 
    • Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата
    • МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“
    • Доскорешниот заменик-министер за здравство е нов директор на АХВ
    • Четири малолетнички ќе одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишно девојче во Ѓорче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка

    Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка

    11.11.2026 во 16:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

    Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.
    Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

    „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

    Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.
    Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

    Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

    Прочитај повеќе

    Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година

    10.11.2026 во 15:51

    Проверувајте ги сметките: Ќе легнат пари од „Мој ДДВ”

    10.11.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.