Close Menu
Press24
    Најново

    Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора 

    11.11.2026 во 15:35

    Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата

    11.11.2026 во 15:12

    МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“

    11.11.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора 
    • Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата
    • МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“
    • Доскорешниот заменик-министер за здравство е нов директор на АХВ
    • Четири малолетнички ќе одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишно девојче во Ѓорче
    • Субхи Јакупи е нов претседател на Управниот суд
    • Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
    • Акција на Финансиска полиција: Затаиле 23 милиони денари данок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора 

    Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора 

    11.11.2026 во 15:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лекарска комора ја информира јавноста дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател и д-р Идриз Орана за заменик-претседател на оваа професионална организација на сите доктори по медицина во земјата.

    На седницата беа избрани и тројца потпретседатели, д-р Биљана Петковска Огњанова – потпретседател за примарно здравство, д-р Ленче Нелоска – потпретседател за секундарно здравство и  д-р Ристо Тодоров – потпретседател за терцијарно здравство.

    Со изборот на проф. д-р Јанкуловски, за претседател, Лекарската комора добива раководител со долгогодишно академско, менаџерско и клиничко искуство, кој својата кариера ја посвети на развојот на македонското здравство, високото образование и унапредувањето на дигнитетот на лекарската професија.

    „Голема чест и уште поголема одговорност е да се биде на чело на Лекарската комора. Мојот фокус ќе биде насочен кон заштита и унапредување на правата и статусот на сите лекари во нашата земја, унапредување на транспарентноста во работењето на Комората и дигитализација на процесите, активно вклучување на Комората во носењето за законските измени од областа на здравство и преку нови функционални решенија да придонесеме за креирање на подобри услови за работа на докторите и лекување на пациентите “, изјави проф. д-р Јанкуловски.

    Проф. д-р Никола Јанкуловски е истакнат супспецијалист по абдоминална хирургија, долгогодишен редовен професор на Катедрата за хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје, а ги извршуваше и функциите на директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, во два мандати декан на Медицинскиот факултет во Скопје и во два мандати ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

    Прочитај повеќе

    Предвремени избори се добри за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за државата

    11.11.2026 во 15:12

    МВР предупредува: Пристигнуваат лажни пораки за наводна наплата на сообраќајна прекршоци од „Safe City“

    11.11.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.