Делта-сојот доминира во Франција, дијагностициран кај 50 проценти од новозаразените
Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, изјави денеска дека се очекува делта-сојот да биде доминантен во повеќето новозаразени случаи во Франција.
Веран во изјава за француско радио рече дека делта-сојот во моментот претставува 50 проценти од новите инфекции во оваа земја.
Претходно, министерот апелира до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број за да може Франција полесно да се соочи со четвртиот бран од претстојната пандемија.
Макфакс
09.07.2021 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа