Без вода утре делови од две скопски населби

Без вода утре ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром и Центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок на дел од булеварите „Србија“, „АСНОМ“ и „Јане Сандански“, и тоа поради уличен дефект на затворач ф-300 мм на булеварот „Србија“, во близина на мостот Близнаци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така, поради уличен дефект ф-80 мм на „Киро Крстевски Платник“/ „Рајко Жинзифов“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Киро Крстевски Платник“, „Рајко Жинзифов“ и „Шумадиска“.

Поради менување на ПП Хидрант на Даме Груев 7 (ДМ маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на Даме Груев блок 4 и 5 и Димитрие Чуповски кула 19, 21 и 23.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

20.06.2022 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега