Close Menu
    Најново

    Николоски на терен: На автопатот Охрид-Кичево се градат галерии какви што нема во регионот

    22.12.2025 во 13:42

    Апсење на Ќафасан: Албански државјанин се обидел да потплати полицаец

    22.12.2025 во 13:37

    Мортус пијан радовишанец направил сообраќајка: Со над 2 промили алкохол и со нерегистрирана „корса“ се забил во паркиран автомобил

    22.12.2025 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски на терен: На автопатот Охрид-Кичево се градат галерии какви што нема во регионот
    • Апсење на Ќафасан: Албански државјанин се обидел да потплати полицаец
    • Мортус пијан радовишанец направил сообраќајка: Со над 2 промили алкохол и со нерегистрирана „корса“ се забил во паркиран автомобил
    • Драма во Центар: Со остар предмет и се заканувал на сопругата, па го нападнал и сопствениот син
    • Филмска заседа кај Јурумлери: Со две возила му го попречиле патот, па го претепале со тврди предмети
    • Хаос на аеродромот во Единбург: Авион на „Рајанер“ удри во цистерна со гориво, патниците евакуирани
    • РКЕ со добри вести за возачите: Гориваат повторно поевтинуваат
    • Аларм за возачите во Македонија: Густа магла на патиштата, видливоста намалена на 30 метри
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Белата куќа го објави Мировниот договор меѓу Израел и Хамас потпишан во Шарм ел-Шеик

    Белата куќа го објави Мировниот договор меѓу Израел и Хамас потпишан во Шарм ел-Шеик

    14.10.2025 во 17:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Белата куќа го објави договорот потпишан на мировниот самит за Газа во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, кој формализира план за постигнување мир на Блискиот Исток и кој е наречен „Мировен договор на Трамп“.

    Договорот во Шарм ел-Шеик го потпишаа, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во него потписниците се обврзуваат на „историска посветеност“ за спроведување на договорот, пренесе „Танјуг“.

    Во документот се наведува дека потписниците ја поздравуваат историската посветеност и спроведување на мировниот договор на Трамп, со кој се става крај на повеќе од две години длабоко страдање и загуби, и се отвора ново поглавје за регионот дефиниран со надеж, безбедност и заедничка визија за мир и просперитет.

    „Ги поддржуваме и стоиме зад искрените напори на претседателот Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа и донесување траен мир на Блискиот Исток, и заедно ќе го спроведеме овој договор на начин што ќе обезбеди мир, безбедност, стабилност и можности за сите народи во регионот, вклучувајќи ги Палестинците и Израелците“, се наведува во договорот.

    Се додава дека потписниците разбираат дека трајниот мир ќе биде оној во кој и Палестинците и Израелците можат да напредуваат со заштитени нивните основни човекови права, гарантирана нивната безбедност и почитувано нивното достоинство.

    „Потврдуваме дека значителен напредок се постигнува преку соработка и одржлив дијалог, и дека зајакнувањето на врските меѓу народите им служи на трајните интереси на регионалниот и глобалниот мир и стабилност. Го признаваме длабокото историско и духовно значење на овој регион за религиозните заедници чии корени се испреплетени со земјата на регионот, меѓу кои христијанството, исламот и јудаизмот“, се наведува во договорот.

    Во него се додава дека почитувањето на овие свети врски и заштитата на нивните места на наследство ќе останат од најголема важност во посветеноста на мирен соживот.

    „Обединети сме во нашата решеност да го демонтираме екстремизмот и радикализацијата во сите нивни форми. Ниту едно општество не може да напредува кога насилството и расизмот се нормализираат или кога радикалните идеологии го загрозуваат ткивото на граѓанскиот живот. Се обврзуваме да се справиме со условите што го овозможуваат екстремизмот и да го промовираме образованието, можностите и меѓусебното почитување како темели за траен мир“, се наведува во договорот. Понатаму се наведува дека потписниците се обврзуваат „да ги решаваат идните спорови преку дипломатски ангажман и преговори, а не преку сила или продолжен конфликт“, се наведува во него.

    „Свесни сме дека Блискиот Исток не може да издржи вечен циклус на продолжено војување, застој во преговорите или фрагментирано, нецелосно или селективно спроведување на успешно договорените услови. Трагедиите што ги видовме во текот на изминатите две години мора да послужат како итен потсетник дека идните генерации заслужуваат подобро од неуспесите од минатото“, се наведува во документот.

    Потписниците, исто така, ветија дека ќе се стремат кон „толеранција, достоинство и еднакви можности за секој човек, осигурувајќи дека овој регион е место каде што сите можат да ги остварат своите аспирации во мир, безбедност и економски просперитет, без оглед на раса, религија или етничка припадност“.

    „Се стремиме кон сеопфатна визија за мир, безбедност и заеднички просперитет во регионот, врз основа на принципите на меѓусебно почитување и заедничка судбина. Во овој дух, го поздравуваме напредокот постигнат во воспоставувањето сеопфатни и трајни мировни договори во Појасот Газа, како и пријателски и меѓусебно корисни односи меѓу Израел и неговите регионални соседи“, се наведува во документот.

    Потписниците ветија дека ќе „работат заедно за да го спроведат и одржат ова наследство, градејќи ги институционалните темели врз кои идните генерации можат да напредуваат заедно во мир“ и да останат посветени на „иднина на траен мир“.

    Мировен самит за Газа се одржа во Шарм ел Шеик, на кој присуствуваа лидери од околу триесет земји, кои разговараа за мировниот предлог на Трамп за Газа и постигнувањето мир меѓу Израел и палестинското милитантно движење „Хамас“.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.