Close Menu
Press24
    Најново

    Барале стари лица, ги убивале па ги ограбувале: Тројца осомничени за две убиства во скопско Ѓорче

    28.10.2026 во 11:13

    Напаѓачот претходно бил депортиран од Германија – Нови детали за терористичкиот напад во Белград

    28.10.2026 во 11:10

    Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос

    28.10.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Барале стари лица, ги убивале па ги ограбувале: Тројца осомничени за две убиства во скопско Ѓорче
    • Напаѓачот претходно бил депортиран од Германија – Нови детали за терористичкиот напад во Белград
    • Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос
    • Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници
    • Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија
    • Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете
    • Лоши вести: Цената на нафтата расте
    • Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Барале стари лица, ги убивале па ги ограбувале: Тројца осомничени за две убиства во скопско Ѓорче

    Барале стари лица, ги убивале па ги ограбувале: Тројца осомничени за две убиства во скопско Ѓорче

    28.10.2026 во 11:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три лица се приведени во врска со двете убиства што за само пет дена се случија во скопската општина Ѓорче Петров.
    Засега од МВР нема официјални информации за идентитетот на приведените, нивната улога во случаите или за доказите врз основа на кои се осомничени.

    Според неофицијалните сознанија објавени во повеќе медиуми, истрагата се движи во насока дека мотивот за двете убиства бил користољубие, односно грабеж. Жртвите биле нападнати во сопствените домови, а по убиствата биле ограбени.

    Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров

    Последниот случај беше откриен вчера, кога 76-годишна жена беше пронајдена мртва во куќата во која живеела на улицата „Ѓурчин Кокале“. Нејзината ќерка ја пронашла без знаци на живот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал видливи траги од насилство.

    „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје

    Само пет дена претходно, на 22 октомври, во својот дом во Ѓорче Петров беше пронајден мртов и 62-годишен маж. И кај него лекарите констатирале траги од насилство, по што телото било испратено на обдукција.

    Неофицијалните информации укажуваат на сличности во начинот на кој биле нападнати двете жртви, а полицијата уште вчера ја проверувала можната поврзаност меѓу случаите. За двете тела се наредени обдукции кои треба да дадат повеќе детали за причината и начинот на настапување на смртта.

    Од МВР се очекува во текот на денот официјално да соопшти повеќе детали за приведувањата, можниот мотив и дали истрагата дефинитивно ги поврзала двете убиства.

    Прочитај повеќе

    Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија

    28.10.2026 во 09:58

    Млади жени од Перу мислеле дека ќе ја измамат македонската полиција – Веднаш се уапсени

    28.10.2026 во 09:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.