Close Menu
Press24
    Најново

    Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок

    28.10.2026 во 10:33

    Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба

    28.10.2026 во 10:33

    Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот

    28.10.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок
    • Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба
    • Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот
    • Полицијата ќе ве „удри“ по џебот – За две недели почнуваат казните од 45 евра
    • Прогласен црвен аларм на Балканот – Доаѓа катастрофално невреме
    • Многу споени викенди во 2027 – Кои празници ни носат три дена одмор
    • Подигнато црвено ниво на безбедност – Полицијата е на нозе по терористичкиот напад во Србија
    • Фалат речиси осум тони медицински канабис – Кривични пријави против фирма и управител од Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок

    Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок

    28.10.2026 во 10:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кај 60 од вкупно 174 граѓани кои вчера направиле бесплатни превентивни здравствени проверки во центарот на Скопје биле измерени зголемени вредности на крвниот притисок. Покачен шеќер во крвта бил регистриран кај 34 лица, а зголемени маснотии кај 45 граѓани, информира за МИА директорот на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски.

    Мерењата биле организирани на штанд на плоштадот „Македонија“, каде што граѓаните бесплатно можеле да го проверат крвниот притисок, шеќерот и холестеролот, како и да направат проценка на ризикот од мозочен удар. Од вкупниот број посетители, 95 биле мажи, а 79 жени.

    Според податоците од акцијата, зголемен крвен притисок бил утврден кај 34,5 проценти од испитаните лица, покачени вредности на шеќер кај 19,5 проценти, додека кај 25,9 проценти биле регистрирани зголемени маснотии во крвта.

    Божиновски посочи дека на бесплатните проверки се јавиле граѓани од различни возрасни групи, но најзастапени биле повозрасните лица. Слични превентивни активности вчера биле организирани и во Тетово, Кавадарци и Штип.

    Во однос на терапијата за пациентите со невролошки заболувања, директорот на Клиниката за неврологија уверува дека се обезбедени неопходните специфични лекови, вклучително и за одредени посложени и поретки заболувања.

    „Нема листи на чекање за овие лекови. Откако ќе се постави дијагнозата и ќе завршат административните процедури, пациентот веднаш ја добива потребната терапија“, изјави Божиновски за МИА.

    Превентивните активности се организираат по повод Светскиот ден на мозочниот удар, кој се одбележува на 29 октомври, со цел да се подигне свеста за ризик-факторите, препознавањето на симптомите и значењето на навремената медицинска интервенција.

    Во рамки на активностите, денеска од 11 до 13 часот на Универзитетската клиника за неврологија ќе се одржи отворен ден за граѓаните, со бесплатни доплер-прегледи на каротидните артерии. Според најавата, прегледите ќе бидат достапни за сите заинтересирани во наведениот термин, без ограничување на бројот на прегледи.

    Централниот настан по повод Светскиот ден на мозочниот удар ќе се одржи утре во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, а ќе биде посветен на превенцијата, раното препознавање на симптомите и подобрувањето на здравствената грижа за пациентите.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот

    28.10.2026 во 10:30

    Полицијата ќе ве „удри“ по џебот – За две недели почнуваат казните од 45 евра

    28.10.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.