УХМР ги објави измерените температури во 10 часот низ Македонија, при што се забележани разлики во утринските температури во различните градови и региони во земјава.
Лазарополе, Попова Шапка и Крушево со само 4 степени се најстудените места во Македонија во 10 часот. Од друга страна, 13 степени се измерени во Гевгелија, Велес и Штип, со што ова се најтоплите места во земјава.
Во Скопје во 10 часот УХМР измери 12 степени, со што и Скопје е еден од потоплите градови претпладнево.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во текот на викендот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

