МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров, неофицијално дознава Пресс24.
Според нашите сознанија мотивите за убиствата се пари. Ги убивале, па потоа ги ограбувале жртвите.
Утрово во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција. Според соседите жената три години живеела сама, а последен пат ја виделе вчера. Во текот на ноќта пак ниту слушнале ниту забележале нешто невообичаено.
Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство бил пронајден во сопствениот дом.
Од МВР се очекуваат официјални детали во текот на утрешниот ден.

