- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на лице место и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираа од тетовската полиција.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 2-ри до 8 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласуваат, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Овен Денес, вашата вообичаена брзина може да се судри со бавниот напредок во финансиите. Нетрпеливоста што ја чувствувате не е поради парите, туку поради стравот од несигурност. Застанете и дишете. Наместо импулсивни одлуки, ослободете се од притисокот дека морате сè да решите веднаш. Трпението денес е вашата најголема сила. Бик Последната четвртина на Месечината ве удира таму каде што најмногу боли – кај вашата потреба за стабилност. Ако чувствувате дека партнерот или околината ве притискаат за промена, не влегувајте во отпор. Прашајте се што е она што ве исцрпува во вашите врски. Пуштете ја контролата врз другите и дозволете промената…
Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина. Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата,…
После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?, прашуваат од СДСМ. „Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан. Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина?…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. ЕВН Македонија информира дека екипите ќе работат на мрежата во различни временски интервали. Распоред на исклучувања за денеска (09.02.2026): Од ЕВН апелираат корисниците навреме да ги планираат своите обврски согласно наведените термини.
Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и двајца други доктори, обвинети за несовесно лекување. Во фокусот на денешното рочиште се медицинските вештачења изработени од словенечки експерти по налог на Обвинителството. Овие вештачења треба да појаснат како биле применувани терапиите кај вкупно 29 пациенти, за кои постои сомнеж дека добивале несоодветни дози или лекови без потребна медицинска процена. За сослушување на словенечкиот тим се предвидени повеќе рочишта во текот на оваа недела, што укажува на обемноста на доказите. Потсетуваме дека покрај Васев, на обвинителната клупа се и Симонида…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,885 (денари/килограм)
Денеска нè очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови на земјата. Според УХМР, во овие региони се очекува да наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. Поради продор на постудена воздушна маса, во текот на денот дождот ќе преминува во снег на планините, но и на некои од повисоките места. Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 11 степени. Во котлините се очекува појава на магла, а ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во Скопје времето ќе биде слично – облачно со дожд и температура до 8 степени.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
