- Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
- Апсења во Скопје
- Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
- Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет
- Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди
- Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%
- Ограбена аптека во Центар
- Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни
Author: Author 04
Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник. На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Во некои места, пак, се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството“. Некаде народното верување отишло уште подалеку. Во Охрид, како што запишал Е. Спространов, „Три стопци“, наместо…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува граѓаните и фирмите дека од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби веќе нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи. Оваа новина е во согласност со новиот Закон за инспекциски надзор. За да биде разгледана, секоја пријава мора да биде уредно поднесена со целосни податоци за подносителот. Иницијативите може да се достават електронски преку веб-страницата на Агенцијата, на официјалните меил адреси или лично во подрачните единици на АХВ. Во официјалното соопштение се прецизираат потребните податоци: „Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот,…
СДС, Заев и Спасовски преку Катица Јанева контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, а Јанева имала улога на координатор бидејќи немала експертиза во материјата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС. Советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред 10-ина години во канцелариите на СЈО му рекол на обвинителот Кадриу дека треба да се прошири опфатот на лица во…
Синоќешниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала предизвика вознемиреност кај граѓаните во Македонија и соседството. На социјалните мрежи веќе се шират видеа на кои се гледа како жителите на станбени згради во Феризај во паника ги напуштаат своите домови. Потресот бил силно почувствуван и во Скопско каде граѓаните пријавуваат тресење на лустери и предмети во домовите, а слични сцени доаѓаат и од јужна Србија. Жителите на Ниш сведочат дека потресот траел релативно долго. Една жителка на Ниш за „Телеграф“ го опишува моментот на потресот: „Гледав телевизија и почувствував тресење, прво помислив дека е хипертензија, потоа ги погледнав…
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
По синоќешниот земјотрес од 4,6 степени со епицентар во Косово, кој беше силно почувствуван и кај нас, сеизмичката активност во регионот продолжи во текот на целата ноќ. Податоците од меѓународните служби покажуваат серија нови потреси во Турција, Грција и Егејското Море. Најновите регистрирани потреси се случија утрово во западна Турција (2.0 степени во 06:37 часот) и Грција (2.8 степени во 06:25 часот). Претходно, во раните утрински часови, земјотрес со јачина од 2.8 степени беше евидентиран и на островот Крит. Сеизмолозите смируваат дека станува збор за вообичаена активност по посилен потрес. „Станува збор за земјотреси со ниска до умерена магнитуда, кои…
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (11.02.2026) планирани се неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина. – Од 06:00 – 10:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица Пајак и улица Наум Наумовски Борче (ОпштинаЦентар);- Од 08:00 – 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улица Пејо Јаворов (општина Кисела Вода);- Од 09:00-11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во село Марино (ОпштинаИлинден).- Од 09:00-15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица со бр. 101 во населба Волково (Општина ЃорчеПетров);- Од 09:00-15:00 часот без…
На патниот правец Куманово – Скопје, кај клучката Хиподром, воведена е девијација поради сообраќајна незгода, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Особено внимание е потребно поради намалена видливост од магла. На планинскиот премин Плетвар видливоста е до 100 метри, на Стража до 80 метри, додека во Крушево е најкритично со видливост до само 30 метри. На Попова Шапка се бележат слаби врнежи од снег кои не се задржуваат на патот. Прекин на сообраќајот денеска ќе има на патот Скопје – Македонски Брод преку „Јасен“ во следните термини:…
Македонија денеска се наоѓа под влијание на променлива облачност која во попладневните и вечерните часови ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, на повисоките планини се очекуваат врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Термометрите ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени, додека минималната температура ќе се спушти до 1 степен. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со дожд во попладневните часови и кон крајот на денот. Максималната температура во главниот град ќе изнесува 11 степени. Стабилно време не…
Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде остварија средби со високи претставници на УНЕСКО. На средбите со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-та Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал…
