Author: Author 04

Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Ниш му одреди притвор до 30 дена на Душко Г. (55), осомничен за бруталното убиство на неговата кума Александра Ш. (43). Одлуката е донесена по предлог на Вишото јавно обвинителство, кое ја започна официјалната фаза од кривичната постапка за едно од најбруталните убиства во овој град во последните години. Со оглед на тоа што Душко Г. се обидел да избега во Алексинац по злосторството, каде што го чекал неговиот брат, судот смета дека доколку бил на слобода, повторно би се обидел да се направи недостапен за обвинителството. Кривичното дело „тешко убиство“ се…

Повеќе

Невин детски трик за малку ќе предизвикаше сериозен меѓународен инцидент на летот од Лондон до Тел Авив. Авион на компанијата Wizz Air во неделата попладне бил пресретнат од израелски воени авиони, откако на социјалните мрежи и уредите во авионот се појавила сомнителна порака. Вистинскиот хаос го предизвикало дете на патници, ултраортодоксни Евреи, кое тајно го преименувало името на својот телефонски „hotspot“ во арапскиот збор за „терорист“. Поради оваа ознака, израелските безбедносни служби веднаш ги кренале борбените авиони. Авионот трипати кружел над Средоземното Море додека се проценувала опасноста, по што безбедно бил спуштен во Израел.

Повеќе

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата. Од Министерството појаснуваат дека шугата може да се добие само преку контакт со претходно заразено лице или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така…

Повеќе

На 07.02.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор-Скопје е пријавено дека во просторија во установата пронајдени се и одземени мобилни телефони и други предмети. За настанот е известен јавен обвинител, а од страна на полициски службеници предметите се подигнати за понатамошна постапка, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Единаестгодишно дете од Штип се здобило со тешки телесни повреди, откако изгубило контрола на својот велосипед и удило во дрво, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. Во соопшттението се наведува дека на 08.02.2026 во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип. Според пријавеното, малолетникот управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“ изгубил контрола и удрил во дрво. Малолетникот е хоспитализарн во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот бил известен Јавен обвинител и извршен е увид.

Повеќе

Полковникот на МВР Милан Миловиќ, кој веќе 30 години обезбедува високи функционери, зборуваше за случајот со киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски и нагласи дека верува оти станува збор за непланиран и брзоплет криминален чин. Ибро Ибрахимовиќ, советник на вицепремиерот и член на Бирото за борба против корупцијата и трговијата со луѓе, ја истакна нелогичноста во изборот на локација за такво кривично дело. Соговорниците истакнуваат дека фактот што пејачот се враќал од концерт можел да ги наведе киднаперите на заклучок дека тој имал голема сума пари со себе. Сепак, дополнително внимание се привлекува кон информациите дека осомничените наводно се странски државјани,…

Повеќе

На 8 февруари 2026 година, царинските службеници, во соработка со полицијата, открија и спречија два обиди за шверц на цигари завиткани во ролни фасадна мрежа на влезот на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево. Првиот случај се случи на граничниот премин Прохор Пчињски кога беа откриени 10 ролни фасадна мрежа, кои служеа како камуфлажа за 900 пакувања цигари од марките „Марлборо“, „Родео“, „Вест“ и „Бос“. Уште 710 пакувања скриени цигари беа откриени во торбите со личните работи на патниците. На преминот Прешево беше откриен втор, речиси идентичен обид за шверц со 8 ролни фасадна мрежа завиткани во 840 пакувања цигари…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот на ул.„Дабничка” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.А.(40) и И.Џ.(27), двајцата од Прилеп, постапувајќи по пријава дека истиот ден во населба „Три багреми” во Прилеп со остар предмет го нападнале С.А.(36) од Прилеп и му нанеле повреди, соопштија од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи. Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека утрешната собраниска седница ќе се одржи паралелно со протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, Гаши очекува пратениците да најдат начин да стигнат до своите работни места. „Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши. Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на објектот, туку МВР ќе ги спроведува редовните безбедносни протоколи. Во однос на барањата за зголемување на…

Повеќе