Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат

    ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат

    11.02.2026 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС, Заев и Спасовски преку Катица Јанева контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, а Јанева имала улога на координатор бидејќи немала експертиза во материјата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС.

    Советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред 10-ина години во канцелариите на СЈО му рекол на обвинителот Кадриу дека треба да се прошири опфатот на лица во одреден предмет. По нејзиното одбивање, тој заминал да се жали на друго место, а Кадриу подоцна била отстранета од работа.

    Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО. Спасовски преку својот советник давал насоки за избор на предмети и кој обвинител кој предмет ќе го работи, кои лица треба да се опфатат и кој да одговара.

    Катица Јанева била само координатор, а предметите ги работеле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.

    Кривичните пријави биле доставувани на лист и незаконски пренесувани од ЈО во СЈО по политичка желба на СДС. Поранешната обвинителка Лејла Кадриу, како што сведочи, била отргната од СЈО бидејќи не сакала да учествува во криминалот на Јанева поради што и била избркана од работа.

    Прислушуваните разговори, т.е. бомбите, првично не можеле да бидат доказ, но со само една одлука на апелациски судија биле прифатени во судските постапки.

    Постоеле координирани врски меѓу СЈО, Обвинителството и судството за да се прифаќаат предмети по насока на СДС, Зоран Заев и Оливер Спасовски. Судии што не соработувале биле изложени на притисоци и закани.

    Секој што не бил „тимски играч“ со Јанева и СЈО бил под притисок, а еден поранешен судија и претседател на суд бил осуден.

    СЈО на Катица Јанева и Заев се најголемиот срам за правосудниот и за обвинителскиот систем во државата, кој дополнително ја поткопа недовербата во институциите.

    ЈО да ги испита целиот случај и одговорноста кај инволвираните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.