- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 04
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 14:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода М.З.(33) од Велес, по претходна пријава дека во 12:40 часот побегнал од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, каде што издржувал казна затвор. Тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.
Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување се врзуваат за Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Дури и денес, во многу култури се смета за лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези (gates), па дури ни седишта во авионите под овој број. Ако сте суеверни, постојат неколку непишани правила кои треба да ги почитувате на овој ден за да ја „избркате“ лошата среќа. Стравот од…
Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека пред зградата на Територијалната противпожарна единица Куманово физички го нападнале С.С.(35) од Куманово, вработен во Територијалната противпожарна единица Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 11.02.2026 во 03:33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 10.02.2026 до 03:25 часот на 11.02.2026 со употреба сила и подесен алат било влезено во подружница на финансиско друштво на подрачје на Аеродром и биле одземени пари, два сефа, службен печат на подружницата, мобилни телефони и други предмети. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување, возење под дејство на алкохол и нерегистрирани возила, од нив една малолетничка Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во кочанско, Куманово, Гостивар, струмичко, Струмица, Неготино и Кавадарци затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Гостивар и малолетничката во Кавадарци претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. По еден возач во Струга и Велес управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б…
Утрово во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Трагичен исход се случи во Општата болница Чачак ноќта помеѓу 11 и 12 февруари кога 38-годишен маж почина во постоперативниот тек по хируршка интервенција. Според официјалното соопштение, смртта настапила „по операција на третиот крајник кај 38-годишен маж“, објави Министерството за здравство. Според достапните информации, пациентот долго време страдал од респираторни проблеми. Беше нагласено дека пациентот бил целосно информиран за потенцијалните компликации и дека се согласил на операцијата „свесен за ризиците од самата интервенција поради други придружни болести од кои страдал“. Поради фактот дека ова е втор смртен случај во истото одделение за краток временски период, Министерството за здравство реагираше итно.…
Страшна сообраќајна несреќа го потресе Сараево денеска, откако трамвај кој сообраќал на линијата кон Башчаршија излетал од шините и завршил на коловозот. Според официјалните потврди од босанското МВР, во несреќата загинало едно лице, а уште две се итно пренесени во болница со повреди. Несреќата се случила на прометна раскрсница во близина на Националниот музеј и американската амбасада. „Едно лице загина, а според првичните податоци две се повредени. На местото на настанот е излезен обвинител за да се утврдат причините за излетувањето“, потврди портпаролката на МВР, Мерсиха Новалиќ.
