- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 04
Француските и сенегалските власти разоткрија една од најмонструозните педофилски мрежи во последните години, која дејствувала на релација Бове – Сали. Како што пренесува реномираниот весник „Монд“, сенегалската полиција веќе привела 14 лица кои се сомничат за групна педофилија, силување и намерно ширење на вирусот ХИВ меѓу малолетни момчиња. Истрагата открива морничави детали: децата биле злоупотребувани од мажи кои имале незаштитен секс со нив, а сето тоа било снимано. Француското одделение за криминалистички истраги го води случајот кој ја згрози светската јавност.
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски посочи дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје. Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито, истакна Ѓорѓиевски. „Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен…
Ужасен напад со нож ја потресе Бугарија рано утринава во општината Подујане. Вооружен маж со нож нападнал неколку лица. Во крвавиот поход на напаѓачот, на местото на настанот им подлегнал на повредите 21-годишен маж, додека уште две лица се борат за живот во софиските болници. Екипите на итната медицинска помош, кои пристигнале со три возила, затекнале застрашувачка глетка. 15-годишно девојче со повеќекратни убодни рани е итно пренесено во болницата „Пирогов“, додека 78-годишна жена со тешки повреди во стомакот е хоспитализирана во болницата „Царица Јоана“.
Тела на две бебиња пронајдени во замрзнувач во семеен дом во францускиот департман Горна Сон, а една жена била уапсена во врска со случајот, објавија француските медиуми. Двете бебиња биле пронајдени во вторник во куќа во градот Авилерс-ет-Лијамон, изјави извор близок до истрагата, според BFMTV. Таткото (50) го открил првото бебе во замрзнувачот, а потоа ја известил полицијата, која, по пристигнувањето на местото на настанот, го пронашла телото на второ бебе на истото место. Потоа полицијата започна потрага по неговата партнерка. Жената, чија врска со двете новороденчиња е непозната, беше уапсена вчера во Булоњ-Бијанкур, објави францускиот телевизиски канал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против A.К.(44), поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, З.Г.(53), вработен во претпријатието, Б.А.(64), исто така, вработен во претпријатието и против З.Ј.(55) поранешен вработен во јавното претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со кривично дело „соизвршителство“. Второпријавениот, како претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, и трето и четвртопријавените, како членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, во текот на 2021 година постапиле спротивно на…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети.Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за…
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и…
Вчера (11.02.2026) во 13:30 часот во Скопје, во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(55). Како што се наведува во полицискиот билтен, полициските службеници постапиле по претходна пријава дека уапсениот упатувал вербални закани, а потоа и со остар предмет се заканувал на З.К.(59) и членови на неговото семејство. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 12:30 часот на магистралниот пат Струга-Подмољје, во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода К.В.(42) од Охрид. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувала и било констатирано дека има активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (12 февруари) присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во седиштето на НАТО во Брисел, на кој присуствуваа министрите за одбрана на сојузничките земји. Министерот Мисајловски во денешното обраќање се осврна на целите, приоритетите и активностите кои се превземени од страна на Владата, Министерството за одбрана и Армијата во согласност со договореното од последниот самит на НАТО во Хаг, како и на единството на Алијансата кое денес е повеќе од потребно во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање. „Дури и во време на глобални геополитички промени, ако продолжиме да…
