Author: Author 04

Еден од најгорливите инфраструктурни проблеми во Скопје конечно влегува во завршна фаза. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е постигнат договор со стопанствениците за процесот на експропријација долж трасата на булеварот „Борис Трајковски“. ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР – булеварот „Борис Трајковски“ конечно се довршува!, напиша на својот фејсбук профил Ѓорѓиевски. Кај мене зборот е збор, нагласи градоначалникот. „Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје, булеварот „Борис Трајковски““, посочи Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски денес оствари средба со стопанствениците долж трасата и постигнаа договор…

Повеќе

Две лица загинаа во експлозија во воен објект во регионот Ленинград во Русија, објави каналот Телеграм Маш, а објави Ројтерс. Експлозијата се случила во близина на Санкт Петербург, во зграда на воената полиција која се наоѓа во градот Сертолов. „Им наредив на безбедносните сили да ѝ помогнат на војската во расчистувањето на урнатините и спасувањето на повредените при уривањето на зградата на воената полиција на територијата на воената единица во Сертолов“, изјави гувернерот Александар Дрозденко. Засега не е познато како се случила експлозијата. На социјалните мрежи кружат фотографии на кои наводно се гледа уништената зграда на воената полиција. Според извештаите,…

Повеќе

Вчера во 16:50 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(51) од Штип и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „опел“ и неговиот сопатник Е.В.(34) од с.Грчец, скопско, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

Повеќе

Во германските села, постои децениска традиција градоначалникот да им честита на постарите пензионери од неговиот град среќен роденден. Вернер Тројбер, градоначалникот на Румансфелден, сакал да ѝ ја оддаде таа чест на баба Софија, но не можел да го стори тоа со години бидејќи ќерката на Софија, Криста, секогаш одбивала посети. Секој пат кога Тројбер сакал да ја види баба Софија, родена во 1922 година, Криста Б. (82) не му дозволувала да влезе во куќата. По осум години обиди, Тројбер се посомневал, па го известил обвинителството за сè. Потоа полицијата дошла да ја пребара куќата и направила морничаво откритие – го…

Повеќе

Екс-директорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, остануваат зад решетки откако Кривичниот совет денеска го одби предлогот на одбраната за нивно пуштање на слобода. Иако адвокатите понудија имотна гаранција во вредност од над 350.000 евра, судијката Славица Наумова-Јосифовска пресече – околностите не се променети и сè уште постојат причините поради кои беше одреден притворот. Дополнително, судот појасни дека во оваа фаза од постапката нема надлежност да одлучува за понудената гаранција, упатувајќи ги странките на Советот кој го потврдил обвинението. Со ова, двајцата клучни обвинети во предметот „Онкологија 2“ продолжуваат да ја чекаат правдата од истражниот затвор.

Повеќе

Луксузирањето на премиерот Мицкоски со пари на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажува вистинското лице. Уште една потврда колку власта е опиена од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери, велат од СДСМ. „Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, се кратат и парите во спортот за 5 милиони евра, а премиерот најбезобразно се луксузира врз грбот на народот. Груевски купуваше очила од 60 илјади евра, нарачуваше луксузен мерцедес од 600 илјади евра а Мицкоски со…

Повеќе

Момче (3) било брутално убиено во село во Тулча, Романија, а неговиот очув (25) е осомничен за злосторството. Момчето наводно било претепано до смрт од неговиот очув откако се скарал со својата партнерка, мајката на момчето, која го очекува своето второ дете. Жената е уапсена за соучество во убиството, бидејќи не мрднала прст за да го одбрани своето дете. Покрај тоа, таа ја криела смртта на својот син два дена, сè додека соседите не ја повикале полицијата. Истрагата открила сценарио кое е тешко да се замисли. Во четврток вечерта, видливо пијан, осомничениот почнал да се расправа со својата партнерка, мајката…

Повеќе

Силно невреме, проследено со обилен, влажен и обилен снег, а на некои места и силни ветрови, кое ја погоди Србија претходната ноќ и утро, предизвика штети на некои делови од дистрибутивната мрежа за електрична енергија, особено во ридските и планинските населби во западна и централна Србија, а сите екипи од Електродистрибуција Србија се на терен и работат на санирање на дефектите. Прекините се регистрирани особено на териториите на Ваљево, Бајина Башта, Чајетина, Осечина, Пожега, Косјериќ и Горњи Милановац, изјавија за Танјуг од Електродистрибуција Србија. Како што наведуваат, и покрај многу тешките услови на терен, снегот што сè уште паѓа и…

Повеќе

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти ЈСП Скопје. Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници. Апелираме до граѓаните за разбирање.

Повеќе

СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации. Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ пак, владиниот авион го користеле и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп…

Повеќе