Author: Author 04

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…

Повеќе

Тајната служба соопшти дека открила и демонтирала тајна, високотехнолошка операција во Њујорк која можела да ја исклучи мрежата на мобилната телефонија додека странските лидери се подготвувале да се соберат во близина за годишното Генерално собрание на ОН, објави агенцијата во вторник, објави Њујорк Тајмс. Софистицираната мрежа од електронски уреди, која вклучувала повеќе од 100.000 СИМ-картички и 300 сервери, можела да ги попречи службите за итни случаи и да се користи за шифрирани комуникации. Еден функционер рекол дека мрежата можела анонимно да испраќа 30 милиони текстуални пораки во минута. Тој додаде дека агенцијата никогаш порано не видела операција од ваков обем.…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк изјави дека климатските промени се „најголемата измама некогаш извршена врз светот“. Тој ги повтори своите претходни критики кон климатската наука и проекциите за глобалното затоплување, тврдејќи дека „сите предвидувања“ се неточни и „погрешни“, објави Ројтерс. „Нема повеќе глобално затоплување, нема повеќе глобално ладење. Сите овие предвидувања од Обединетите нации, од многу други причини, честопати од лоши причини, беа погрешни. Тие беа направени од глупави луѓе кои ги чинеа своите земји нивното богатство и не им дадоа на своите земји никаква шанса за успех. Ако не се…

Повеќе

Петгодишно дете избодено со молив во глава во училиште во Австралија.Мајката на повреденото девојче, Елиза, изрази загриженост поради недостатокот на информации за инцидентот Ученичката одговорна за нападот е испратена дома додека не се завршат процедурите Девојчето (5) наводно било избодено неколку пати во главата со молив во основното училиште „Св. Филомена“. Инцидентот се случил на 17 септември во австралиската држава Нов Јужен Велс. Елиза, мајката на повреденото девојче, изјавила дека нејзината ќерка крварила и дека била лекувана на местото на настанот. Сепак, според мајката, училишниот персонал не сака да ѝ ги каже деталите за инцидентот, пишува „Дејли меил“. Училиштето само…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните. Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи. „Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите.Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче. Во…

Повеќе

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжениеза отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека едонесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручнашкола – Факултет за бизнис економија во Скопје.Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН завршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање наработата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа намислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе гиисполни обврските…

Повеќе

Меѓународниот ден на знаковниот јазик е повеќе од симболика, овој ден е потсетник за целото општество дека вклученоста, комуникацијата и почитувањето немаат бариери кога постои волја и љубов кон другиот, порача претседателот на Собранието Африм Гаши во своето обраќање по повод 23 Септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик при посетата на Центарот за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“. Нагласи дека Собранието постојано се залага за вклучувањето и почитувањето на лицата со посебни потреби. -Во таа насока, од 2023 година Собранието организира курсеви за учење на знаковен јазик за вработените и заинтересираните пратеници. Ова не претставува само технички чекор, туку и…

Повеќе

Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, бил извршен службен разговор со А.И.(43) од Скопје, по претходна пријава од нејзиниот поранешен 43-годишен сопруг од Скопје, дека физички го нападнала нивниот малолетен син, информираа од полицијата за случајот.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Првиот заменик премиер и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. “Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити. Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на…

Повеќе

Вчера во 16:30 часот  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско  затоа што  на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје  кон Е.С. (22) од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе