Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална

    Меџити: Поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална

    23.09.2025 во 17:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик премиер и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

    “Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити.

    Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на повозрасните граѓани.

    “Ова е чувствителна и конкретна промена во секојдневниот живот на пензионерите. Оваа политика ќе продолжи со нови чекори за да обезбеди достоинствена старост за сите“, додаде Меџити.

    Понатаму, тој нагласи дека поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална, при што истакна дека општина Чаир ќе инвестира во создавање нови содржини, социјални, културни и рекреативни програми, меѓу кои културни и спортски настани, патувања и едукативни програми, како и активности за поквалитетен социјален живот.

    Општина Чаир ќе биде партнер на сите здруженија на пензионери, поддржувајќи ја секоја иницијатива што придонесува за нивната благосостојба, а во соработка со Владата ќе се дизајнираат и посебни програми за здравствена превенција, кои ќе вклучуваат едукации, бесплатни лекарски прегледи и активности за зачувување на физичкото и менталното здравје на повозрасните лица, истакна Меџити.

    Тој дополнително ја нагласи и заложбата за помош на пензионерите што живеат во тешки социјални услови преку систематска поддршка, социјални пакети и континуирана институционална грижа.

    “Пензионерите се нашата гордост, наша сила и наша најголема мудрост. Наша должност е да им обезбедиме достоинствена, мирна и исполнета старост. Ова е ветување што како општина Чаир ќе го исполниме до крај“, заклучи Меџити.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.