- Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба
- 11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж
- Потоп во Белград: Силното невреме ги поплави улиците, сообраќајот целосно блокиран
- МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување
- Пленковиќ: Хрватска нема да прави отстапки за Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ
- Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните
- Арсова: Со Предлог Буџетот за 2027 се зголемуваат средствата за клиничките центри во Скопје и Штип
- Рама со порака до Македонија: Бугарите треба да влезат во Уставот
Author: Author 04
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.
Владата на денешната 114 редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура- Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited (CI)). Со овој Договор за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура- Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и товарен железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот…
Бележиме раст од 6,1 % во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива, но исто така говори дека се уште има простор за раст и развој. Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешниот состанок со транспортерите. Планот на Владата, како што потенцираше вицепремиерот Николоски е да се искористи позицијата на Македонија како стратешка крстосница во регионот. “Идејата е да Македонија да го искористи потенцијалот кој што го има како…
Превозниците укажуваат на импликациите од најавените нови правила за патување во Европската унија и повторно апелираат да им се овозможат повеќе денови за престој во шенген-зоната, а престојот да се пресметува во часови, а не во денови. На денешната средба на превозниците, организирана од Макам-транс, беше соопштено дека недостигаат 15 -16 000 возачи и оти им се потребни бенефици, со поголемо даночно олеснување за дневниците, како и увоз на возила без плаќање на ДДВ. Државните претставници, пак, порачаа дека превозниците се основен двигател на бизнисот и оти идниот раст на секторот Транспорт и логистика, што во вториот квартал забележа пораст…
Експлозија одекнала на пазар во турскиот град Демре, при што се повредени неколку лица, објави локалниот новински портал Анталија Хакинда. Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, се вели во извештајот. Турските екипи за итни случаи брзо се упатиле кон местото на настанот откако добиле пријави за повредени, пренесуваат тамошните медиуми.
Двомесечно бебе почина во Апокоронас, објавија грчките медиуми. Според последните информации, родителите на бебето, фински брачен пар, ја предизвикале смртта на новороденчето со тоа што го давиле бебето додека спиело. Поточно, брачниот пар присуствувал на свадба во саботата навечер и го успале бебето меѓу себе, што резултирало со случајно удирање. Се забележува дека двајцата наводно консумирале алкохол. Обдукцијата утврдила дека смртта на детето настапила од задушување. Родителите биле изведени пред обвинителот и биле пуштени на слобода во недела наутро, додека против нив е покрената кривична постапка.
Денес, на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Република Северна Македонија, која ја презеде едногодишната улога на претседавач со ЈЈИ за периодот 2025–2026 година. Во своето обраќање, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја истакна симболиката на оваа година, кога се одбележуваат пет години од приклучувањето кон ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR),…
Вчера во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
