Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба

    18.11.2026 во 18:50

    11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж

    18.11.2026 во 18:41

    Потоп во Белград: Силното невреме ги поплави улиците, сообраќајот целосно блокиран

    18.11.2026 во 18:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба
    • 11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж
    • Потоп во Белград: Силното невреме ги поплави улиците, сообраќајот целосно блокиран
    • МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување
    • Пленковиќ: Хрватска нема да прави отстапки за Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ
    • Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните
    • Арсова: Со Предлог Буџетот за 2027 се зголемуваат средствата за клиничките центри во Скопје и Штип
    • Рама со порака до Македонија: Бугарите треба да влезат во Уставот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба

    Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба

    18.11.2026 во 18:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дамнешната визија на сенаторот Фулбрајт за градење меѓусебно разбирање меѓу народите преку образованието е особено актуелна денес, кога светот се соочува со сѐ поголеми предизвици и поделби. Меѓународната академска соработка има важна улога во градењето трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот по повод 80 години од Фулбрајт меѓународната програма за образовна и културна размена на Владата на САД.

    Фулбрајт програмата, како што беше речено, осум децении создава можности за учење, истражување и професионален развој на илјадници студенти и научници ширум светот.

    Изразувајќи благодарност до сите кои во изминатите години ја поддржувале и развивале програмата, Јаневска ја нагласи можноста голем број талентирани млади луѓе, научници, истражувачи и професионалци да учат едни од други и да придонесуваат за подобар свет.

    В.д. амбасадорката Никол Варнс укажа дека повеќе од 450.000 студенти, истражувачи и професионалци од над 160 земји студирале во Соединетите Американски Држави или во странство со американска поддршка.

    – Програмата Фулбрајт изнедри државници, добитници на Нобелова награда, научници и претприемачи. Денес, Фулбрајт останува водечката академска програма за меѓународна размена на Стејт департментот – посочи Варнс, додавајќи дека со децении, добитниците на Фулбрајт максимално ги искористуваат можностите што ги нуди оваа програма и се враќаат дома за да придонесуваат, создаваат и водат.

    Осврнувајќи се на придобивките од програмата, и министерката Јаневска посочи дека македонските стипендисти кои престојуваат во Соединетите Американски Држави стекнуваат драгоцено лично и професионално искуство.

    – Тоа го говорат алумните на програмата и тоа се покажува во нивните подоцнежни резултати. Секако, предизвик е да бидеш стипендист на некој од американските универзитети рангирани на врвот од светските листи, каде има и што да се види и што да се научи. Тоа е можност за пристап до различни стандарди за истражување и настава, како и до професионални мрежи што траат и по завршувањето на стипендијата. По нивното враќање, стекнатото знаење го применуваат на универзитетите, лабораториите, институциите и училиштата. За земја во развој ова е значајно вложување во човечки капитал, укажа министерката.

    Според неа, еднакво значајна е и можноста американски студенти, професори и истражувачи преку програмата да ја запознаат Македонија, нејзините природни убавини, културното наследство и гостопримството на граѓаните создавајќи пријателства и партнерства кои продолжуваат и по завршувањето на нивниот престој во земјава.

    – Токму овие искуства ја прават Фулбрајтовата програма исклучителна и ѝ даваат вредност што ги надминува рамките на академската размена, рече Јаневска.

    Министерството за образование и наука останува отворено за натамошно продлабочување на соработката преку заеднички проекти, институционални партнерства и мобилност на студенти и истражувачи.

    – Ќе продолжиме да ја поддржуваме Фулбрајтовата програма, бидејќи таа отвора можности за уште поголема поврзаност меѓу македонскиот и американскиот народ, рече Јаневска.

    Професорот од Машинскиот факултет во Скопје Атанас Кочов рече дека искуството од реализираната студиска посета на САД преку „Фулбрајт“ значително го променила начинот на кој тој ги спроведувал истражувањата овде.

    – Горд сум на придонесот да се зголеми бројот на стипендии за научници и истражувачи, како и да се отворат повеќе можности за студентите од Македонија во рамките на оваа програма. Секоја дополнителна стипендија му дава некому шанса да спроведе истражување или да студира во странство, а потоа да донесе нови идеи и познанства во својата работа дома. Им благодарам на Министерството и на Амбасадата што го овозможија тоа, рече Кочов. 

    Прочитај повеќе

    11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж

    18.11.2026 во 18:41

    МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување

    18.11.2026 во 18:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.