Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Транспортниот сектор бележи раст

    Николоски: Транспортниот сектор бележи раст

    23.09.2025 во 16:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бележиме раст од 6,1 % во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива,  но исто така говори дека се уште има простор за раст и развој.  Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешниот состанок со транспортерите.

    Планот на Владата, како што потенцираше вицепремиерот Николоски е да се искористи позицијата на Македонија како стратешка крстосница во регионот.

    “Идејата е да Македонија да го искористи потенцијалот кој што го има како природна раскрсница на два Пан-Европски коридори, Коридорот 10 север-југ и Коридорот 8 исток-запад. Во таа насока развиеме силна патна и железничка мрежа кои што ќе ги опслужува овие два Коридори. Во делот на патната мрежа, на Коридорот 10 за следната година планираме реконструкција на целиот дел од автопатот кој што не е во состојба во каква што јас би сакал да биде, така што поголем дел од автопатот ќе подлежи на реконструкција со цел да биде во одлична состојба. Исто така следната година ќе одиме со реконструкција на обиколницата на Скопје како природна врска на Коридорот 10 и 8, а продолжуваме и со изведба на Коридорот 10-д кој што оди од Градско преку Дреново-Фариш-Прилеп до Битола и вториот граничен премин со Грција до Меџитлија.  Во моментот активно се гради автопатот од Прилеп до Битола, веќе го пуштивме во фунција експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, а многу скоро ќе донесеме одлука и за изградба на потегот од Фариш до Прилеп, што значи нашата цел е да имаме целосно или автопатско решенеи или експресен пат кој што ќе оди и ка Коридорот 10-д, односно исклучувањето кај Градско до границата со Грција да е покриено со автопат или експресен пат”- истакна вицепремиерот Николоски и додаде:

    Во однос на Коридорот 8, го пуштивме во функција потекот од Страцин до Крива Паланка, во моментот работиме  обиколница на Крива Паланка, исто така работиме на проширување на граничниот премин Деве Баир, на западната страна работиме на автопат Тетово-Гостивар, понатаму на автопат Гостивар-Букојчани или популарната Стража. За потегот од Букојчани-Кичево завршува повикот за доставување на понуди на 30 септември, значи за неколку дена, а Кичево-Охрид веќе пополека се става во функција после 11 години одлагање.  Првите 34 км се ставени во функција, до крајот на следната година целосно ќе го завршиме и паралелно на тоа работиме на проширување и модернизација на граничниот премин Ќафасан”- потенцира вицепремиерот Николоски.

    Тој најави дека Министерството активно работи на проектот за изградба на мултимодалниот јазол во Трубарево.

    “Работиме на еден голем проект за мултимодуларен јазол кој што треба да се наоѓа во постојниот јазол кај Трубарево и во продолжение до пресекот на двата Коридори, кои што мислам дека за сите компани кои што  се занимаваат со логистика е голема шанса за развој на бизнисот. Очекувам првата фаза да ја започнеме следната година,  тоа е изведба на инфраструктура од страна на државата, а втората фаза година дена после тоа што ќе значи целосна реализација на проектот и проширување со цел  практично да стане пристаниште на суво, односно целата роба што доаѓа од Атина, Солун кога ќе се реализира Коридорот 8-железнички и од таму, да се претоварат и да го земаме приматот кој што сега го имаат некои соседни држави и тука да биде сувото пристаниште за овој дел на Европа”- рече Николоски. 

    Средбата со транспортерите е во организација на МАКАМ ТРАНС на која се презентираа условите и критериумите за распределба на транаспортните дозволи. 

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.