Author: Author 04

Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме Годо“. Ние го започнавме нашиот маратон во 2005 година кога ни беше даден кандидатскиот статус. Денес често се користи синтагмата дека Европа е незавршена симфонија без Западниот Балкан, а интересот за регионот порасна пред три години кога, за жал, почна војната во Украина, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк каде што одржа предавање во рамки на Светскиот лидерски форум. Како што јави известувачот на МИА, таа пред академската заедница го елаборирше исходот од…

Повеќе

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери  како лице вклучено во криминални активности и корупција. Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои: „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“. САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата…

Повеќе

Утрово во 03:45 часот на ул.„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Џ.Х.(50) од Англија, со привремен престој во Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршена контрола констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а…

Повеќе

Православните верници денеска го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија…

Повеќе

Пожарникарите со навремена интервенција не дозволија да се прошири големиот пожар што синоќа изби во центарот на Неготино, изјави утрово за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните жители.  – Причините дополнително ќе се истражуваат. Полиција утрово го обезбедува местото, додаде Стојанов.

Повеќе

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.…

Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој разговараа за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот, информираат од Министерството за транспорт. Исто така, на средбата била отворена темата и за проектот за брза пруга на Коридот 10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во него. Двајцата говорници разговарале и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и сектори од заеднички интерес на двете…

Повеќе

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Присутните се запознаа со начинот на функционирање на паметниот систем, кој овозможува во реално време да се следи потрошувачката на електрична енергија, да се идентификуваат непотребните загуби и да се…

Повеќе

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(76) и И.А.(73), двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети, информираа од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе