Author: Author 04

Утрово, најниската температура е измерена во Берово, каде термометарот покажал -2 степени Целзиусови. Најтопло било во Крушево со измерени 6 степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во 8:30 часот, температурите низ земјава се движат од -1 степен во Струмица, до 5 степени во Виница. Измерени температури (8:30 часот): Утрово, по одделни котлини е регистрирана појава на магла. Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 16 до 21 степен. Во Скопје, наутро има магла…

Повеќе

Утрото во земјава ќе биде постудено, со услови за појава на магла во одделни котлини и речни долини. Сепак, во текот на денот се очекува сончево време проследено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 16 до 21 степен. Во главниот град, Скопје, утрото ќе биде студено, со магла во делови од котлината. Во текот на денот се предвидува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Минималната температура во Скопје ќе се…

Повеќе

Секое евро што денеска го инвестираме во енергетска ефикаснсот и обновливи извори е инвестиција во поздрави заедници, компетитивни бизниси и стратешка издржливост утре. Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на отворањето на панелот „Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија“ во рамки на 14. Форум „Енергија за одржлив развој“. Подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на новите генерации обновливи енергии, нагласи Божиновска, е клучен за обезбедување на достапен и одржлив енергетски систем во Македонија. – Сепак, останува јазот во финансирањето, како поради правни и регулаторни бариери, така и поради оценката на ризик во финансискиот…

Повеќе

Агенцијата за безбедност во сообраќајот во Србија ги потсетува возачите на законската обврска дека возилото мора да има вградени зимски гуми на сите четири тркала од 1 ноември до 1 април, доколку на патот има снег, мраз или кашеста маса. Доколку на патот нема снег, мраз или кашеста маса, зимските гуми не се задолжителни, но нашата препорака до возачите е да ги искористат поволните временски услови оваа недела и навремено да го подготват возилото за зимски услови, наведува агенцијата. Во периодот на замена на гумите, на возачите им се препорачува да не инсталираат зимски гуми само на предните тркала, туку…

Повеќе

Министерството за финансии на САД ги укина санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, неговото семејство и неговите фирми, како и за голем број негови соработници. Санкциите се укинати и за српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ. Американското Министерство за финансии на 17 октомври ги укина санкциите за четворица соработници на Додик, кои беа на црната листа поради промоција на неуставниот „Ден на РС“. Според неофицијални извори укинувањето на санкциите се дел од договорот помеѓу САД и Додик – по правосилната пресуда тој да се повлече…

Повеќе

Оваа сабота (01.11.2025) нема да има марш, бидејќи е Задушница, информираше Здружението на граѓани 16 Март преку објава на нивниот Фејсбук профил. „Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“ информираат од Здружението во објава на Фејсбук.

Повеќе

Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција, што се одржа во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје. Двете соговорнички се согласија дека проектот треба да се реализира во забрзана динамика, со цел да се овозможи поврзување на гасните системи на двете земји и…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди Црна Гора, според Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. Земјотресот е регистриран на 27 километри од Никшиќ, а е почувствуван во Требиње во БиХ, но и во Хрватска и Албанија. Земјотресот е регистриран во 14:19 часот, со епицентар четири километри западно од Чараѓе во близина на Никшиќ. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата. Сведоштва од луѓе од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија„Бев надвор, можев да слушнам, можев да слушнам силен рик, а потоа видов низ вратите и прозорците кои малку вибрираа“,…

Повеќе

Две лица се мртви, а најмалку 3 се уште се под урнатините на станбената зграда што се урна рано изутринава во турскиот град Гебзе. Сите петмина се од исто семејство, информираа локалните власти. Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, пред новинарите изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета. Гебзе, со околу половина милион жители, се наоѓа на геолошки расед каде во 1999 година се случи земјотрес со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа 18.000 луѓе. Експертите долго време…

Повеќе

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, Д.П.(39) од Скопје пријави дека на 25.10.2025 околу 16:00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе