- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
- Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
- Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
- Скокна цената на нафтата
- Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
- Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
Author: Author 04
Ноќеска во 00:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Н.(48) од с.Голема Речица, тетовско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,95 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Вчера во с.Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.М.(29) од с.Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24. Митески истакна дел од капиталните проекти кои се предвидени да се реализираат во општина Аеродром, во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот. „Изработка на сообраќаен проект за решавање…
На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока, меѓу која алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки.
Нов инцидент во Црна Гора во кој учествуваа турски државјани – друг објект во сопственост на Турци беше во пламен! Рано утрово околу 2 часот наутро избувна пожар во продавница за сувенири во Стариот град на Херцег Нови, кој беше изгаснат 20 минути подоцна, изјави командантот на Службата за заштита и спасување на таа општина, Златко Ќировиќ. Сопствениците на продавницата се турски државјани, а причината за пожарот сè уште не е утврдена. Околу продавницата е поставена полициска лента. Центарот за операции и комуникации на црногорската полиција соопшти дека засега немаат информации за овој инцидент. Продавниците и објектите во сопственост на…
Украина започна со масовно производство на ракети Фламинго кон крајот на август Рута е беспилотна ракета тестирана во декември 2024 година Украина веќе ги користеше своите нови ракети Фламинго и Рута во борба, а наскоро се планираат повеќе напади, изјави претседателот на земјата Володимир Зеленски. Фламинго беше користен во борба. Рута беше користен во борба. Правиме сè за да можеме да спроведеме посериозни тестови на ракети оваа година, а не само една, две или три. Веруваме дека ќе успееме – рече Зеленски. Фламинго е украинска ракета со долг дострел претставена во август, додека Рута е категоризирана како „беспилотна ракета“ која…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација. „Сите ние постигнуваме повеќе кога работиме заедно. Нашите разлики се важни, но нашата заедничка човечност е уште поважна,“ цитираше министерот Андоновски, нагласувајќи дека дигитализацијата може да ја забрза заедничката мисија за одржлива енергетска иднина. Андоновски порача дека дигитализацијата е новата енергија на…
Руското Министерство за одбрана потврди дека беспилотни летала се соборени во неколку области, вклучувајќи ги Крим и Улјановската област Во операцијата против беспилотни летала се вклучени служби за итни случаи на местото на настанот Руските власти соопштија дека во текот на ноќта, системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно 100 украински беспилотни летала над неколку региони на земјата, вклучувајќи шест над Московскиот регион. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека рано утрово е соборен и четврти дрон, кој се приближувал кон Москва. Уништен е уште еден непријателски дрон што летал кон Москва. Службите за итни случаи работат на местото…
Трагедија се случи утрово во Тузла, а еден маж почина откако беше згмечен од вратата на лифтот. Како што објави новинар на „Аваз“ од местото на настанот, овој инцидент се случил во трговски центар во Тузла. Возила на брза помош и полициско возило се на местото на настанот.
Без струја денеска во периодот од 07:30 до 15:00 часот, ќе останат корисниците на блокот на згради од бул. „Партизански одреди бр.17 кон ул.„Максим Горки“ во општина Центар, соопшти РЦУК – Скопје. Од 07:45 до 15:30 часот, електрична енергија ќе немаат селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст, Викендици Држилово, Сателитски центар, Ново Брезница и објектот Рудпроект во општина Сопиште. Без струја од 08:30 до 10:30 часот, ќе бидат и корисниците на ул.„Тале Христов“, Поликлиника ВФВ и околните објекти, а од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците на ул.„Елисие Поповски – Марко“ бр.21,47…
