Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Секое евро во енергетска ефикасност е инвестиција во поздрави заедници и стратешка издржливост

    Божиновска: Секое евро во енергетска ефикасност е инвестиција во поздрави заедници и стратешка издржливост

    29.10.2025 во 16:554 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секое евро што денеска го инвестираме во енергетска ефикаснсот и обновливи извори е инвестиција во поздрави заедници, компетитивни бизниси и стратешка издржливост утре.

    Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на отворањето на панелот „Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија“ во рамки на 14. Форум „Енергија за одржлив развој“.

    Подобрувањето на енергетската ефикасност и искористувањето на новите генерации обновливи енергии, нагласи Божиновска, е клучен за обезбедување на достапен и одржлив енергетски систем во Македонија. 

    – Сепак, останува јазот во финансирањето, како поради правни и регулаторни бариери, така и поради оценката на ризик во финансискиот сектор и ограничениот капацитет за подоготовка на проекти, особено за помали проекти. Многу ветувачки идеи не доаѓаат до финансии, не бидејќи технологиите се недокажани, туку затоа што проектите се премногу мали, трансакциските трошоци високи, договорите не се стандардизирани или ризиците не се јасно алоцирани. Агрегацијата, стандардизираната документација и предвидливото лиценцирање може да направат клучна разлика, порача Божиновска. 

    Улогата на Министерството, посочи Божиновска, е да работиме на обезбедување финансирање преку регулаторна и практична поддршка, како и обезбедување на попредвидливи правила и координирана имплементација меѓу институциите.

    -Ова вклучува усогласување на примарната и секундарна легислатива во областа на енергетската ефикасност и обновливата енергија со европското законодавство, поедноставување на обезбедувањето лиценци, појаснувањето на процедурите за поврзување на мрежата, техничка стандардизација и практични совети и насоки кои им помагаат на општините, јавните институции и компаниите за обезбедување на средства преку проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори, порача Божиновска. 

    Кога правилата се јасни и проектите се добро подготвени, според Божиновска, тогаш и финансиите се достапни и се следат резултатите, се заштедува енергија, се инсталираат обновливи извори на енергија и многу важно, се подобрува квалитетот на воздухот. 

    -Успешните пристапи може да се реплицираат и зголемуваат. Во пракса тоа значи јасни критериуми за избор, известување и верификација, и транспарентни набавки. Исто така, значи и намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на условите во училиштата и болниците, нагласи Божиновска. 

    Ако ги усогласиме политиките, финансирањето и имплементацијата, Божиновска проача дека, не само што ќе ги исполниме целите, туку ќе изградиме почист, поправеден и поиздржлив енергетски систем. 

    Резидентниот координатор на ОН во Северна Македонија, Рита Колумбија, на отворањето на сесијата, порача дека финансирањето е најважниот аспект, особено кога имате алатки и знаење, потребни се средства за реплицирање и опфаќање на што поголем број корисници. 

    -Денеска, глобално инвестирањето во обновливи извори и енергетски ефикасна инфраструктура изнесува околу 1,3 трилиони долари, што е рекордно највисоко ниво. Сепак, да се оствари заложбата за траекторијата од 1,5 Целзиуслови степени, овој број треба да се зголеми четирикратно. Но, со секој предизвик стануваме покреативни, поиновативни и изнаоѓаме нови технологии и механизми за остварување на нашите цели. И во текот на денешната сесија ќе слушнеме позитивни искуства за проекти за обезбедување на средства за одржлива енергетска транзиција и остварување на нашите цели, порача Колумбија. 

    Постојаниот претставник на Обединетите нации во Северна Македонија, Армен Григорјан, на отворањето на сесијата порача дека забрзувањето на енергетската транзиција кон одрлживи системи не е само суштинска за исполнување на Глобалната цел 7, туку и за справување со климатските промени, подобрување на квалитетот на воздухот и поддржување на инклузивен економски раст.   

    -Очигледно животната средина и енергијата не може да се гледаат одвоено. Но, наспроти растечкиот моментум, финансирањето во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, глобално остануваат недоволни, порача Григоријан. 

    Според Грегоријан, главен предизвик за земјите во развој, остануваат институционалните бариери кои го лимитираат зголемувањето на финансирањето и институционалната култура, додека клучното прашање е како да се обезбедат финансии за праведна и инклузивна енергетска транзиција што нема да остави никого исклучен. 

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.