Author: Author 04

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.

Повеќе

Вчера во 15:50 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Бучим, радовишко, 13-годишен малолетник од с.Почивало, штипско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болницата Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Повеќе

Вчера во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.05.2025 полициски службеници извршиле контрола во гејминг клуб во Куманово, при што кај пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од с.Жилче, општина Јегуновце, пријави дека на 04.11.2025 околу 13:45 часот на автобуска постојка за меѓуградски автобуси на подрачјето на Центар, при влез во автобус со гостиварски регистарски ознаки со редовна линија Скопје-Тетово-Гостивар, била физички нападната од возачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Завчера во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:20 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу малолетник и малолетничка, од една страна и друг малолетник од друга страна, сите ученици во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 19:35 часот во СВР Скопје, К.Р.М.(44) од Скопје пријави дека на 03.11.2025 околу 08:40 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во фабрика на подрачјето на Гази Баба. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР  Скопје.

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во фабрика на подрачјето на Кисела Вода. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР  Скопје.

Повеќе

Денеска во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба. Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75  врзана со жица на рачката на возачката врата. Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто…

Повеќе