Денеска во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба.
Полициски службеници излегоа на местото и по преземени мерки кај неговото возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата.
Исто така, извршен е и преглед во друго возило „фиат“ со италијанска национална ознака, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така, живее и работи во Италија, при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми кал. 7,62 мм за автоматско оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
- Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
- „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
- Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
- Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт
- Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори
- Цветаноски: Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија
- ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно

