- ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
- Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
- Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
- Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
- Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
- Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
- ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
- ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
Author: Author 04
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-тата класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници. Заклетва положија вкупно 59 кандидати, од кои 31 питомец и 28 слушатели. Оваа класа има и меѓународен карактер, бидејќи дел од Академијата ќе бидат и пет питомци од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора. На свеченоста присуствуваа највисоките државни и воени претставници, вклучувајќи ги:претседателката Гордана Силјановска – Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, деканот на Академијата, полковник проф. д-р Ненад Танески. Настанот беше дополнително збогатен со присуство на високи претставници од Армијата,…
Регионален центар за гранични работи Север поднесe кривична пријава против Г.М.(20) и K.M.(21), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено „фалсификување исправа“. На 04.11.2025, пријавените на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, при обид за излез од државата, приложиле фалсификувани визи на Обединетото Кралство.
Изминатиот викенд 1466 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 14 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик За време на изминатиот викенд (08/09.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1466 издадени платни налози, 786 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 14 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, двајца за возење со брзина поголема…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени…
На денешната прес-конференција Љупчо Николовски од редовите на СДСМ ја информираше јавноста дека информациите коишто ги сподели за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3, рече Николовски. „Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто…
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријави дека на 08.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје. Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријави дека на 08.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, којa фрлала разни предмети кон него, а притоа оштетила дел од поќукнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 06:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Бугарскиот европратеник од Европската народна партија (ЕПП), Андреј Ковачев, побара итно усвојување на измените во Законот за бугарско државјанство за време на средба со бугарски новинари во Брисел. Според Ковачев, сегашниот закон е „нелогичен“ и не овозможува соодветно легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Тој повика Законот да биде променет што е можно поскоро. Нацрт-законот предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни. Ова се бара со цел да се потврди нивната идентификација како етнички Бугари. Ковачев истакна дека со ова ќе се потврди и колку е голема бугарската заедница во Северна…
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција се осврна на актуелната состојба во СДСМ по последните изборни резултати, кои ги оквалификува како „дебакл“. Манасиевски истакна дека измина една недела од изборниот пораз на Венко Филипче и СДСМ, со којшто партијата „спадна на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје“. ВМРО-ДПМНЕ јавно го постави прашањето за најавените реформи и кадровски промени во СДСМ. „Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема“, рече Манасиевски. Од партијата информираа дека до нив…
Скопје го развиваме заедно!, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Денес, во просториите на Град Скопје, Ѓорѓиевски оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Разговаравме за заедничките проекти кои ќе ги реализираме и што ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град, истакна Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски посочи дека главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје. Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални…
