Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски: ИПАРД програмата стопирана – илјадници земјоделци останаа без исплата

    Николовски: ИПАРД програмата стопирана – илјадници земјоделци останаа без исплата

    10.11.2025 во 13:02Updated:10.11.2025 во 13:044 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешната прес-конференција Љупчо Николовски од редовите на СДСМ ја информираше јавноста дека информациите коишто ги сподели за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. 

    Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3, рече Николовски. 

    „Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици. 

    Сето ова е под суспензија. Причината е скандалот со барање и примање на мито од страна на директорот на платежната агенција и уште четири други лица, вклучувајќи и блиска соработничка на министерот од Министерството за земјоделство. 

    Тоа е директна последица на овој голем корупциски скандал и тотален колапс на системот што беше граден седум години заедно со Европската комисија и со многу наши професионалци“, посочи Николовски. 

    Николовски потсети дека седум години дамка не фалеше на овој систем. Седум години не се случи, во периодот на ИПАРД 2, кој се реализираше од 2017 до 2014 година, да има било каков проблем од ваков тип. Напротив, во тој период се склучени и реализирани рекордни 2.400 договори, повеќе од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, со сите контроли коишто се направени на терен. 

    „Ова се случува, за жал, само во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2011 година, во ИПАРД 1, за жал останавме со 12% искористеност на европските средства и денеска, во 2025 година, во ИПАРД 3, повторно во време на ВМРО-ДПМНЕ.

    За оваа одлука, според нашите информации, известена е Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство. 

    Прашуваме зошто Владата ја криеше оваа одлука од јавноста викендот? Дали власта со премолчувањето на оваа одлука се обидува да ги заштити вмешаните во овој корупциски скандал?“, прашува Николовски.

    Николовски рече дека земјоделците и сите корисници на оваа програма заслужуваат да ја знаат вистината.

    „Оваа поддршка е наменета за нив, а не за профитирање и лични интереси на било какви функционери. 

    Министерот Трипуновски, наместо веднаш да преземе одговорност, или свесно ја крие ова информација од јавноста, или пак уште полошо, е неинформиран, што покажува неспособност и неупатеност во основните процеси во сопствениот ресор.

    Како човек кој седум години работеше на воспоставување на овој професионален систем, што денеска е суспендиран, ова длабоко ме погодува. Не станува збор само за бројки, туку за илјадници семејства, млади земјоделци, агробизнисмени, за земјоделци коишто имаат склучено договори, коишто чекаат исплати, коишто чекаат да аплицираат на веќе најавените повици и ги спремаат своите проекти и прават трошоци. И сите тие се наоѓаат во една неизвесност за иднината на тековните и идните вложувања. Ова е тежок удар врз целиот земјоделски сектор, врз економијата, но и врз европската перспектива на државата.

    Штетите за државата од овој голем скандал креиран од неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ може да бидат големи. Како претседател на Комисијата за земјоделство во Собранието, уште денеска официјално побарав детален извештај од Владата, Министерството и Платежната агенција. Тоа го барам писмено за причините за оваа суспензија, по што ќе иницираме итна тематска седница на Комисијата за да бидат преземени привремени мерки за заштита на земјоделците чијшто проекти се во тек, за да не се загубат веќе направените вложувања.

    Ќе предложам измени во законската рамка при изборот на директор на агенцијата, но и за јакнење на независноста и контролните механизми на агенцијата со јасна одговорност за секоја злоупотреба, како и формирање на работна група со претставници од сите парламентарни партии и групи, но и со стручната и професионална јавност која беше секојдневно вклучена во реализацијата на ИПАРД 2, со цел подготовка на предлози за ревитализација на системот и помош за креирање на акциски план и обновување на довербата со Европската унија, час поскоро и враќање на можноста за аплицирање на повиците и склучување на договори од ИПАРД 3“, посочи Николовски.

    Николовски вело дека македонското земјоделство не смее да биде заложник на партиски интереси и корупциски шеми. 

    „Оваа суспензија е срам за државата, но и потсетник дека мора итно да ги заштитиме европските вредности, институционалната одговорност, чесноста и професионалноста во работењето. Јас лично ќе бидам првиот кој ќе иницира конкретни мерки и ќе бара одговорност од сите што ја доведоа државата во ваква состојба по вторпат во овие 15 години. 

    Денес не зборувам како политичар, туку како човек кој бил дел од овој систем и кој верува во чесна работа, но уште повеќе верувам во европската иднина на младите и во европската иднина на македонското земјоделство и на Република Северна Македонија“, потенцираше Николовски.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.