Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

    Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

    10.11.2025 во 12:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција се осврна на актуелната состојба во СДСМ по последните изборни резултати, кои ги оквалификува како „дебакл“.

    Манасиевски истакна дека измина една недела од изборниот пораз на Венко Филипче и СДСМ, со којшто партијата „спадна на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје“.

    ВМРО-ДПМНЕ јавно го постави прашањето за најавените реформи и кадровски промени во СДСМ.

    „Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема“, рече Манасиевски.

    Од партијата информираа дека до нив стигнале информации за проблеми во формирањето на ново раководство.

    ВМРО-ДПМНЕ упати две директни прашања до Венко Филипче и СДСМ:

    „Дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДС, луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДС и поранешни активисти? Дали и некои од тие луѓе не сакале да бидат дел од раководството на СДС, затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник?“

    Манасиевски ја заврши прес-конференцијата со силна порака за потребите на партијата во иднина:

    „Итни реформи во СДС и оставка на Филипче. На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело.“

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.